Чувар куќа е растението кое најлесно се одржува и за кое не треба многу да се грижиме, но ни обезбедува многу лековити и добри работи.
Тое е едно од најлековитите растенија, а кое можете да го одгледувате дома. Не само што е многу лековито, туку има и пријатен вкус, поради што се препорачува за утринската детоксикација, витаминската рутина да ја започнете токму со лист од чувар куќа.
Треба само да го излупите површинскиот слој од листот и потоа да го изедете.
Вака подготвено, во сирова форма, е добро за здравјето на женските репродуктивни органи, како и за градите. Многу помага во лекувањето на разни воспаленија и цисти кои се јавуваат во организмот.
Познато е дека може да расте и на камен, па затоа е многу лесно да се одгледува и во домашни услови.
Можете да го консумирате и како мевлем кој целосно го детоксицира и чисти организмот, а одличен е и за дигестијата.
Познатиот српски билкар Момчило Антонијевиќ советува да се изеде еден лист чувар куќа на празен стомак, пред првото утринско кафе.
„Поволно делува на нашиот стомак, па особено се препорачува за оние луѓе кои имаат чир на желудникот или дуоденумот. Чувар куќата има корисен ефект врз регенерацијата на органите за варење.
Многу добро делува и им помага на луѓето кои боледуваат од херпес, а одличен е и за жените кои имаат проблеми со полицистични јајници“, вели српскиот билкар.
Еве што сè можете да третирате со чувар куќа:
-калуси, жуљеви, задебелини места на кожата на стапалата
-пеги на кожата
-рани и чиреви
-херпес
-воспаление на очите и ушите
-тврда кожа на петите
-изгореници и каснувања од инсекти
-цисти
-да правите детоксикација
За зајакнување на телото и имунитетот: 300 г чувар куќа, 300-500 г мед, по желба малку лимон
Листовите од чувар куќа сомелете ги во блендер, па измешајте со мед и смесата складирајте ја во стаклена тегла обложена со алуминиумска фолија и чувајте во фрижидер. Добро измешајте ја смесата со дрвена или пластична лажица. Оставете ја теглата да отстои пет дена во фрижидер.
Од шестиот ден, на празен стомак, земете по две лажици од смесата и во наредните дваесет минути не јадете ништо друго, туку испијте малку вода. Исто така, за здраво тело е добро да се јаде по еден лист чувар куќа секој ден на празен стомак. Гостувањето на билкарот погледнете го ОВДЕ.