Веројатно веќе ви е познато дека медената вода е повеќекратно полезна за здравјето на организмот. Пчелиниот мед го препорачуваат многу нутриционисти, бидејќи содржи уникатни комбинации и комплекси од витамини, минерали и ензими.
Но, доколку се користи во облик на топол напиток, односно растворен во топла вода, тој може да направи чудо.
Медената вода веќе долго време се користи за разубавување, но и како превентива и лек за разни состојби во организмот.
Мед и чаша топла вода помага при слабеење
Шеќерот што се наоѓа во медот е природен и здрав извор на калории. Покрај тоа, оваа комбинација ќе ја намали желбата за слатки.
Мед и чаша топла вода го подобрува варењето на храната
Медот и водата можат да го регулираат функционирањето на дигестивниот систем. Антисептичките својства на медот можат да имаат корисен ефект врз варењето на храната, а комбинацијата со вода ја прави столицата помека.
Мед и чаша топла вода е добар лек за имунитет
Медот има неверојатна способност да ги неутрализира бактериите. Исто така, тој е одличен антиоксиданс, кој помага во борбата против слободните радикали.
Ја зголемува енергијата
Комбинацијата на мед и топла вода може да го разбуди организмот подобро од шолја кафе.
Го смирува болното грло и ја олеснува кашлицата
Според препораката на познатата клиника Мајо, топлата вода и медот можат да ја намалат болката во грлото и да ја смират кашлицата.
Одлична комбинација за детоксикација на телото
Медот и водата ќе му помогнат на вашето тело да се ослободи од отровите. Оваа комбинација ја помага дигестијата, а доброто варење на храната е предуслов и за добра детоксикација на телото.
Можете да добиете уште подобри резултати со додавање на лимон во водата со мед. Киселината во лимонот има позитивен ефект врз функциите на ензимите и ја стимулира функцијата на црниот дроб.