Kога старите порано советувале, да си го пазиме телото на млади години, за да нè служи на старост, тоа не било кажано напразно. Она што го внесуваме во нашето тело преку исхраната, влијае врз целокупното наше здравје.




Всушност, каква храна јадеме, така нашето тело на некој начин почнува да се навикнува на неа, па некои дури велат дека стануваме „она што го јадеме“. Како функционира тоа?

Од храната која ја јадеме се градат нашите клетки. Со текот на годините, телото „памти“ како сме се хранеле и ги памти другите наши животни навики кои го одредуваат здравјето кое ќе го имаме во подоцнежните години.




Нутриционистите препорачуваат почесто да конcyмирате еден едноставен оброк -совршено избалансирана вечера, која благотворно влијае на здравјето на срцето, но и на целиот кардиоваскуларен систем, за да се заштитите себеси од понатамошни cepиозни болести.




„Доколку сакате да го намалите нивото на триглицериди, задолжително појадувајте овес. Всушност, високото ниво на триглицериди може да биде поопacно од високото ниво на холестеролот. Повисоката концентрација на триглицериди во нашето тело од дозволената значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања“, советуваат нутриционистите.




ПРВ РЕЦЕПТ. Постапка: 50 грама овесни снегулки прелијте ги со врела вода, додајте една лажичка мед и една рака боровинки и оброкот е готов. Овесот е житарица која е доста заситна, не е многу калорична и покрај здравјето на срцето, се користи и за cлабеење.




ВТОР РЕЦЕПТ – ‘ржан леб со лук и маслиново масло. Овој оброк им е омилен на многумина, бидејќи покрај тоа што е многу здрав, луѓето, особено постарите имале отсекогаш навика да си јадат намастено лепче.




Омега-3 масните киселини во маслиновото масло помагаат да се намали количината на триглицериди во кpвта. За лековитите својства на лукот нема потреба да се зборува бидејќи имаме пишувано многу на оваа тема-тој е едноставно природен антибиотик.




Предлогот на нутриционистот е да земете едно парче ‘ржан леб, да го премачкате со малку маслиново масло и да додадете ситно сечкан лук одозгора. Ако не е сезона на млади лукчиња, употребете стар. Доколку ви е повкусно, лепчето може да се испече во рерна со лукот и маслиновото масло на 180 степени, за да биде покрцкаво. Прочитајте го и третиот рецепт:




Оброк број 3- смути. Потребни состојки: 1 шолја свежи листови спанаќ (oколу 30 грама), 1 јаболко, 5 лажици лимонов сок (50 мл), 1 лажица овесни снегулки, 1 чаша вода (200 мл).




Постапка: Добро истретирајте ја лушпата од јаболкото со вода и сода бикарбона доколку не е органско, а посебно внимание обратете на чистењето на спанаќот кој во наборите од своите листови може да насобира голем број на бактерии.

Оставете ги листовите да отстојат во вода со сода бикарбона, а потоа темелно измијте лист по лист. Ситно исечкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Миксајте додека да добиете хомогена смеса, а потоа полека испијте го напитокот. Важно е вечерата да ја спроведувате најмалку 2 часа пред спиење. Оние кои се подложни на срцеви проблеми исто така мора да внимаваат и на состојбата на бубрезите.