Овие компирови топчиња станаа хит – одат како прилог а може и како главно јадење.
Кога компирот во вид на пире или помфрит ќе ви здодее, еве една многу интересна идеја, во комбинација со многу сусам…. превкусно!
Потребни состојки: 500 г компир, 200 г брашно, 45-50 г путер/маргарин, 50 мл вода, сол и сув зачин по вкус (вегета), 150 г кашкавал, 200 г сусам, масло за пржење
За посна верзија користете маргарин и посен (растителен) кашкавал.
Постапка: Излупен компирот исечете го на коцки и сварете го во вода во која сте додале малку сол, а потоа исцедете го и направете пире.
Додека е топол компирот додајте сув зачин (вегета) и путер. Кога смесата малку ќе подизлади, измешајте брашно разматено со малку од водата во која се варел компирот и замесете тесто.
Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на набрашнета површина формирајте ваљаци, па сечете ги на еднакви парчиња од кои ќе формирате топчиња со величина по ваша желба.
Во секое парче ставете коцкичка кашкавал и со помош на дланките обликувајте топче, внимавајќи кашкавалот убаво да биде покриен, за да не истекува при пржењето.
Крокетите валајте ги обилно во сусам и пржете ги во длабоко масло. Пржените крокети вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот масло.