Дали знаете што е Реџивелак и кои се неговите здравствени бенефити?
Реџивелак е ферментиран напиток кој е евтин, едноставно се прави, освежувачки пијалак, полн со хранливи состојки за вашето тело.
Реџивелакот игра витална улога во одржувањето на здравјето. Ги содржи сите хранливи состојки од пченицата, а многу полесно се дигестира и делува пробиотички.
Во себе содржи пријателски бактерии кои се потребни за одржување на здравјето на цревата и елиминирање на токсините.
Обилува со витамини Б-комплекс, како и витамини Ц и Е.
Во својата книга „Hippocrates Live Food Program“, Др. Ен Викмор го цитира биохемичарот Харви Лајл, кој направил детална анализа на Реџивелак пијалакот, при што вели:
„Реџивелакот е богат со протеини, јагленохидрати, фосфати, шеќер, лактобацили и дури во себе содржи и здрави габи.
Амилазите се ензими произведени од здравите габи кои имаат улога за разложување на големите молекули глукоза, сахароза и гликоген“.
РЕЦЕПТ ЗА 2 ЛИТРИ
1 чаша интегрална пченица
3 литри вода
Стаклена тегла од 3-5 литри
ПОСТАПКА:
Измиената пченица оставете ја преку ноќ во 1 литар вода.
Следниот ден процедете ја, измијте ја и оставете ја во цедалка да из’рти 2 дена.
Повторно ставете ја во чиста тегла со 2 литри вода, покријте со газа и фиксирајте со ластиче.
Оставете да ферментира 1-2 дена.
Реџивелакот е спремен за консумирање кога на површината ќе се појави млечна пена.
Напитокот се процедува од пченицата и се чува во фрижидер.
Напитокот мора да мириса на квасец и лимон (киселкасто).
Вака подготвениот реџивелак може да трае околу една седмица. Пред консумирање проверете дали мириса свежо и дали има свеж вкус. Во спротивно, не го пијте.
Остатокот од пченицата може да се користи за правење на уште една тура реџивелак.
Наполнете ја теглата со 2 литри вода и оставете да ферментира уште 1-2 дена, па процедете и пијте. Можеби втората тура не е потентна како првата, но во секој случај е корисна.
Ако не сакате да правите втора тура, оставете ги зрната да из’ртат (претходно измиени, во чиста тегла), или направете сок од зелената пченица што ќе порасне.