Рецепт на Добриана Димова. Со советите на Добриана ќе ја направите најубавата погача, која изгледа убаво, но исто така, има многу добар вкус. Овојпат таа ни го откри најлесниот метод за подготовка на декоративна погача.

Доколку не сте сигурни во своите кулинарски способности, а сакате да ги изненадите гостите со нешто впечаткиво, тогаш направете ја оваа прекрасна погача, во само неколку чекори. Замесете го тестото, а после тоа сè e многу полесно.




Најпрво поделете го тестото на 16 топчиња, а потоа обликувањето е лесно како песна. Рецептот можете детално да го проследите преку фотографии, а на крајот од текстот има линк од видео презентацијата. Оваа погача секого ќе го воодушеви со својот изглед и вкус. Додавањето на малку оцет во тестото овозможува тоа подобро да нарасне, а му дава и еден посебен „шмек“.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 коцка свеж квасец (40 г), 500 мл млако млеко, 2-3 лажици јогурт/кисело млеко, 4 јајца, 1 лажица сол, 1 лажица шеќер, 5 лажици масло, 1 лажица вински/јаболков оцет, 100 г путер и околу 1,2 кг брашно




ПОСТАПКА: Квасецот растопете го во топлото млеко со малку шеќер и малку брашно, да се добие смеса како за палачинки, мазна и без грутчиња. Оставете на топло место 10-тина минути додека да се активира. Потоа додајте јогурт, јајца, масло и оцет, сите да бидат на собна температура.




Убаво соединете во изедначена течна смеса, а потоа започнете постепено да го додавате брашното во кое сте додале сол. Најпрво мешајте со лажица/шпатула, а потоа замесете со рака, додека да добиете убаво, меко и еластично тесто кое не се лепи на рака. Покријте го и оставете го околу половина час да стаса.




Потоа тестото поделете го на 16 топчиња, од кои половината (8) се помали од 80 грама секое, а другите осум се поголеми од 180 г. Покријте ги и оставете ги 10-тина минути да одморат.




На набрашнета работна површина, со помош на оклагија, најпрво развлечете ги поголемите топчиња во тркалезна кора со големина од средна чинија. Со полурастопен путер премачкјате 3/4 од површината на кругот. Од половината на кругот до крајот исечете, па направете прореди/засеци на делот кој не е премачкан.




Од спротивната страна заролајте така да добиете корнет. Осумте корнети наредете ги во круг во тепсија, па истата постапка повторете ја и со помалите топчиња, со тоа што нив не ги засекувате и затоа се премачкува целата поврпина. Овие помали корнети наредете ги во средината.




Покријте ја погачата и оставете ја да стасува на топло место додека убаво да се удвои и да ја исполни тепсијата. Потоа премачкјате ја со две разматени жолчки и наросете со сусам/семки/ленено семе. Загрејте ја рерната на 180 степени, па ставете да се пече околу 40-50 минути.




Доколку забележите дека прерано ви заруменила одозгора ставете парче фолија за да може убаво да се допече и во средината. Печената погача извадете ја од рерна и додека сè уште е топла премачккајте ја со путер. Тоа и ќе и даде дополнителна мекост, но и сјајност на површинаската кора. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.