Тутунот кој бил света билка за древните народи, некогаш бил лек и помагал во духовниот развој. Денес е озлогласена причина за низа болести. За жал, првобитната намена на оваа исклучително лековита билка денес е заборавена и само ретки познавачи и билкари, меѓу нив и Мартин Најдовски, ги знаат рецептите за лекување со помош на тутуновите листови.
Доколку сакате веднаш да ги прочитате рецептите за лекување на болно колено, стапала, ишијас и реума, одедете на крајот од текстот. Исто така, доколку имате прашања околу постапката на применување, можете да го прашате билкарот Најдовски на неговата страница Лилма.
ТРАДИЦИОНАЛНО ЛЕКУВАЊЕ СО ТУТУН
Се проценува дека Индијанците го користеле тутунот за лекување повеќе од 18.000 години. Честопати го џвакале за да се измеша со плунката и здивот на исцелителот, бидејќи се сметало дека на тој начин се зголемува неговата исцелителна моќ.
Вака соџваканата смеса се користела како облога или се сушела и се употребувала за пушење. Тутунот се пушел за да ублажи болки, а правот од тутунот се ставал на исеченици, изгореници и други рани за да се сопре крвавењето и да се забрза исцелувањето.
Чајот приготвен од листовите се користел како диуретик и лаксатив, помагал кај грчеви во мускулите и ги чистел цревата од црви и други паразити. Помалите листови од врвот на билката се џвакале за да излекуваат забоболка, а облози од џвакани или варени листови се ставале на чириве, инфицирани рани, убоди од инсекти, па дури и на места од змиско каснување. Чадот се нанесувал на делови од телото кои биле заразени со црви, паразити или други штетници, а куќите се каделе за да се избркаат или убијат инсектите.
КРАЛИЦА БИЛКА
После колонизацијата на Новиот свет шпанските мисионери започнале да собираат податоци од тамошните Индијанци за употребата на тутунот во лековити цели. Благодарение на нивните записи на почетокот од 15.век низ Европа започнал да се шири глас за тутунот како за нов чудотворен лек.
“Францускиот амбасадор Жан де Никот Вилман го донесе тутунот во Европа и подробно ги опишува неговите лековити својства, односно го опишува како универзален лек за сите болести.”
Токму според него билката тутун го добила името Nicotiana tabacum, а исто така и нејзиниот алкалоид – никотинот.
Нико бил толку воодушевен од новиот лек што им го препорачувал на сите свои пријатели, а меѓу нив и лекари кои и сами експериментирале и оствариле извонредни резултати во лекувањето на разни болести, особено во лекувањето на малигните тумори.
Според неговите препораки тутунот започнал да се одгледува и да се користи во Франција за лекување најпрво на кралското семејство, а потоа и пошироко. Кралицата Катерина де Медичи која во тоа време патела од тешка хронична главоболка, по препораката на Нико започнала да се лекува со тутунот и за многу краток период нејзините главоболки исчезнале.
Кралицата била убедена дека тоа е билка со чудесни лековити способности и донела декларација со која му го променила името на тутунот во Herba Regina односно Кралица билка.
ПОЧЕТОК НА КОМЕРЦИЈАЛИЗАЦИЈА
Веќе во 16.век започнала комерцијализацијата на тутунот. Европските дојденци во Северна Америка увиделе дека популарноста на тутунот можат добро да ја искористат, па започнале да го одгледуваат за пари и наскоро оваа билка станала извор за богатење.
На некое време тутунот бил заменет со злато и сребро како ново платежно средство. Билката започнала да се извезува во Европа и останатите делови од светот за да се овозможи основање на колонии. Пред налетот на профитот лековитите својства на тутунот веќе одамна потонале во заборав.
ОД СВЕТА БИЛКА ДО ОТРОВ
Во производството на цигари се користи застојан тутун, главно со лош квалитет. Цигарите се полнат со пестициди, хербициди, фертилизатори, конзерванси и хемикалии, а хартијата во која се виткаат е избелена со диоксини кои се карценогени.
Во цигарите има 599 адитиви. Во тутунскиот чад постојат повеќе од 4.000 хемикалии, а барем за 69 од нив се знае дека предизвикуваат рак. Некои од нив се јаглероден моноксид, азотно оксиди, водород цијанид и амонијак.
ЛЕК ЗА РЕУМА, ИШИЈАС, БОЛКИ ВО КОЛЕНАТА СПОРЕД БИЛКАРОТ МАРТИН НАЈДОВСКИ
“Се зема тутун се ниже (значи свеж) мора да е целосен листот да не се толче, како што си е така да се исуши. Штом се исуши секоја вечер земаме по 1 цел лист и малку го наросуваме со водичка колку да омекне, да не се скрши и го оставаме така неколку минути колку да се пушти. Штом се пушти го натопуваме во ракија домашна и го ставаме како облога на болното место, а местото го прививаме со газа или еластичен завој. Се повторува секоја вечер до излекување на болеста, обично за 2 до 3 вечери болките ги нема повеќе.
Рецепт 2:
За отечени табани се зема исто лист од тутун цел, се потопува во црно вино или јаболков оцет и се става на табаните секоја вечер како облога, притоа се фиксира со најлон или газа местото.” – вели Мартин Најдовски.