Home Рецепти Направете ја највкусната шампита на свет со помош на овој трик

Направете ја највкусната шампита на свет со помош на овој трик

Сите сакаат добра шампита која идеално оди со добро домашно кафе и чаша минерална вода.

Потребни состојки за кора:

5 жолчки

5 лажици шеќер

5 лажици млеко

5 лажици брашно

5 лажици масло

1-2 лажица какао

1 мала лажичка прашок за печиво

За фил:

5 белки

2 лажици шеќер

За шербет:

15 лажици шеќер

10 лажица вода

Постапка:

1.За кора пенасто изматете 5 жолчки, додадете 5 лажици шеќер и 5 лажици млеко, па добро соединете со миксер. Потоа додадете 5 лажици брашно, 5 лажици масло, 2 лажици какао и прашок за печиво.

2.Матете се додека да се соединат состојките во мазна смеса, па излејте во калап за торта и испечете.

3.За шлаг изматете белки во цврст шам, па постепено додавајте шеќер, со непрекинато мешање со миксер.

4.За агда проварете вода со шеќер, па додека е врела постепено додавјте во шамот од белки, исто така постојано матејќи.

5.Филот излејте врз кората, израмнете и оставете целосно да излади.