Лесна и брза подготвка. Има два начини за приготвување. Прво прочитајте го првиот, а потоа и вториот рецепт, па одлучете кој најмногу ви одговара. И двата излегуваат добро и многу се вкусни.
РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 200 г смрзнат грашок, 200 г морков, 200 г компир, 200 г јаболка, 1 лимон, 6 лажици мајонез, 7 лажици кисела павлака, 250 мл супа од зеленчук, 20 г желатин, 5 јајца, 1 црвена пиперка, 1 китка магдонос, сол, црн пипер
Постапка: јајцата сварете ги 10 минути на потврдо, па ставете ги во ладна вода и оставете ги да се изладат, па потоа излупете ги.
Морковите исечени на коцки, грашокот и компирот варете ги одвоено во вода во која сте додале малку сол, додека да омекнат. Извадете ги со решеткаста лажица и оставете ги да изладат целосно.
Јаболката излупете ги, исечете ги на коцки и прелијте ги со сок од лимон за да не потемнува.
Изладениот зеленчук и јаболката ставете ги во голем длабок сад. Мајонезот измешајте го со киселата павлака, зачинете со сол и црн пипер по вкус и прелијте преку зеленчукот, па добро промешајте.
Водата во која се вареше зеленчукот искористете ја за приготвување на желатинот кој ќе го приготвите според упатството. Потоа растопете го на пареа или на тивко, па помешајте го со смесата од зеленчук.
Оставете да излади, па развлечете ја смесата во правоаголник врз фолија. Во средината наредете варени јајца, па свиткајте во ролат. Оставете во фрижидер преку ноќ убаво да излади и да се стегне.
РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 1 литар јогурт, 200 г мајонез, 5 кесички желатин (50 г), 200 г шунка, 150 г кашкавал, 3 варени јајца, 5 кисели краставички, 2 црвени пиперки, сол и црн пипер по вкус
Постапка: јогуртот малку загрејте го да биде млак, но не смее да проврие. Желатинот растопете го во малку вода, па додајте го во јогуртот и промешајте.
Тргнете го од оган и додајте го мајонезот, сечканата шунка и кашкавалот на коцкички, а краставичките исечкани на тркалца.
Потоа додајте варени јајца исечени на тркалца и исечени на парчиња печени пиперки. Зачинете по вкус.
Смесата префрлете ја во навлажнет сад длабок околу 10 см и ставете во фрижидер да излади и да се стегне.