Оваа чудотворна мешавина која потекнува од старо време, а сепак е актуелна, содржи антибактериски, антивирални и антигабични својства.
Состојките кои се потребни за приготвување на оваа чудотворна мешавина – природен антибиотик, се лесно достапни и можете да ги купите од локалниот зелен пазар или супермаркет.
Потребни состојки:
700 мл домашна јаболкова киселина (органска)
¼ рендан корен од ѓумбир
¼ шолја рендан лук
2 големи полни лажици рендан рен
2 големи лажици куркума во прав
¼ шолја рендан кромид
Постапка:
Постапката е многу едноставна. Потребно е сите намирници убаво да ги измиете и да ги исчистите или излупите. Потоа ситно изрендајте ги или сомелете ги.
Ставете ги во една голема стаклена тегла, промешајте и прелијте ги со јаболковата киселина.
Теглата добро затворете ја со капак и оставете ја на темно и ладно место да отстои две седмици.
Повремено во текот на тие две седмици отворајте ја теглата и промешувајте ги состојките.
Употреба:
Секој ден се консумира по една лажица од смесата, а доколку сте болни, може по две лажички, една наутро и една навечер.