Во ДМ може да се најде безглутенски квасец (габи добиени од безглутенско брашно)

Потребни состојки:

1 квасец
500 мл млака вода
500 г хелдино брашно
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
3 супени лажици маслиново масло

Постапка:

Во поголем сад ставете хелдино брашно, па додадете сол и шеќер и квасец. Добро промешајте па додадете маслиново масло.

Постепено додавајте млака вода и замесете убаво да се соединат сите состојки.

Тестото оставете го да отстои околу 30 минути или повеќе ако е потребно да се удвои.

Загрејте ја рерната на 250 степени, па во намастен плех ставете го тестото и печете околу 45 минути на температура од 200 степени.

Печеното лепче покријте го или завиткајте го во чиста памучна крпа.