Лесна и освежителна торта со наполитанки и смрзнато овошје. Се мати слатката павлака со киселата павлака, а смесата се дели на два дела. Едниот се меша со наполитанки, а вториот со смрзнато овошје, се редат слоевите еден врз друг во калап за торти, а следниот ден се декорира со шлаг. / Рецепт и видео презентација на Наша Мала Кујна.

Потребни состојки: 400 г мелени кекси, 350 г наполитанки (Банини), 500 мл слатка павлака, 200 г шеќер во прав, 400 г кисела павлака, 600 г микс од шумско овошје (смрзнато), 50-100 мл млеко

Во подлабок сад ставете 400 г кисела павлака и 200 г шеќер во прав
промешајте додека да се изедначат

Постапка: Во подлабок сад ставете 400 г кисела павлака и 200 г шеќер во прав и промешајте со лажица/шпатула. Не мора да користите миксер, важно е полека да се растопи шеќерот и да се соедини со павлаката во еднолична смеса.

Во посебен сад ставете 500 мл слатка павлака
изматете ја со миксер
во шлагот додајте ја мешавината од кисела павлака и шеќер во прав
промешајте
и малку измиксајте

Во посебен сад ставете 500 мл слатка павлака и изматете ја со миксер додека да добиете шлаг, но претерувајте многу со матењето за да не добиете претерано цврста маса. Потоа додајте ја претходно изматената кисела павлака со шеќер во прав и промешајте за да се соединат. Уште малку изматете со миксерот.

постепено додајте 400 г мелени кекси
мешајте со лажица за да остане смесата воздушеста
на крај додајте малку млеко за да добиете убава кремозна смеса
промепшајте за да се изедначи

Во вака изматениот шлаг додајте ги мелените кекси. За да ви остане смесата воздушеста, кексите додавајте ги малку по малку, а помеѓу секое додавање промешувајте со шпатулата. Треба да додадете вкупно 400 г мелени кекси.

смесата поделете ја на еден помал и еден поголем дел (одокативно)
во едниот дел додајте кршени наполитанки
додајте и малку млеко, па промешајте

Ако ви делува смесата многу густо откако ќе ги додадете сите кекси, тогаш додајте малку млеко (~30-50 мл) и промешајте додека да добиете убава кремаста структура. Добиената смеса поделете ја два дела, еден помал и еден поголем дел, одокативно.

оваа смеса распоредете ја на дното од обложен калап за торти
израмнете и ставете во фрижидер

Во помалиот дел додајте ги наполитанките кои претходно сте ги изгмечиле со рака. Прелијте ги со малку млеко (~30 мл или по потреба) и промешајте за да се изедначи. Оваа смеса веднаш распоредете ја на дното од калап за торти обложен со проѕирна фолија.

во вториот дел постепено додајте го смрзнатото овошје
промешајте за да се распореди рамнимерно
нанесете врз првиот слој
израмнете и ставете ја тортата во фрижидер преку ноќ

Израмнете и ставете во фрижидер. Во втората половина додајте го смрзнатото овошје. Користете микс шумско овопје, но може да употребите и било какво друго овошје по ваш вкус. Важно е тоа да биде бобесто и да е смрзнато, бидејќи за неколку минути тоа ќе омекне.

следниот ден изматете две шлаг пени според упатството и декорирајте ја тортата
украсете со малку смрзнато овошје

Веднаш распоредете го врз првиот слој. Ставајте го постепено со лажица и израмнете го со лажица. Вака приготвената торта е најдобро да ја оставите во фрижидер да отстои преку цела ноќ за убаво да се стегне, а следниот ден да ја декорирате со шлаг. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот