Црниот дроб кој е еден од најважните органи во нашето тело, честопати го запоставуваме. Тој ја филтрира кр-вта и ја прочистува од сите токсини. Исто така, му помага на телото да ги согори маснотиите и да се употреби енергијата.

Меѓутоа, колку и да е голема неговата улога за нашето здравје, ние честопати се потпираме на него без притоа да водиме сметка за тоа колку тој е оптеретен и дали функционира како што треба.

Со други зборови, нездравиот стил на живеење не го оптеретува само црниот дроб, туку преку нарушување на неговата работа се нарушува и целокупното здравје. Затоа, потребно е повремено да се прочистува за да може овој орган да се регенерира а со тоа и да го подмлади целиот организам.

Потребни состојки: 2 лимони, 1 краставица, 1 китка магдонос и 200 мл вода

Постапка: краставицата убаво измијте ја па исечкајте ја на парчиња. Магдоносот исто така убаво измијте го, па исечкајте го ситно. Лимонот излупете го, па исечете го на парчиња. Сите состојки ставете ги во блендер, додајте вода и миксајте додека да се изедначи смесата.

Употреба: Во период од еден месец пијте го напитокот по една до две чаши во текот на денот, а потоа направете пауза од две седмици. По завршетокот на паузата, доколку имате потреба, продолжете со терапијата.

Што овозможува овој напиток: ја прочистува кр-вта; го регенерира црниот дроб; врши детокс на телото; делува антиканцерогено; го подобрува изгледот на кожата; го забрзува метаболизмот; го засилува имунитетот.

Исчистете го црниот дроб, стопете ги килограмите: После 30 дена нема да се препознаете

После еден месец откако ќе го спроведите овој третман, нема да можете да си го препознаете телото. Дали знаевте дека црниот дроб е главниот орган кој придонесува за брзо слабеење?

И покрај факторот дека желудникот е органот кој е одговорен за варење на мастите, сепак, не треба да се заборави дека оваа тешка задача не може адекватно да се заврши доколку црниот дроб и жолчната кеса немаат нормална функција.

Ако црниот дроб не функционира исправно, мастите не се разградуваат, па поради тоа метаболизмот се успорува и тоа доведува до прекумерна акумулација на токсини во организмот.

Затоа слободно може да се каже дека синоним за добро здравје и благосостојба е токму заслужниот црн дроб. Поради тоа, многу е важно да внимаваме на она што го јадеме и да се придржуваме на здрав начин на живеење.

Ако е можно, јадете попосна храна, шетајте најмалку половина час дневно на чист воздух и заборавете на пушењето и ал-кохолот. После 30 дена ќе бидете пријатно изненадени како изреагирало вашето тело на ваквата промена.

СЕДУМ ПРОИЗВОДИ КОИ ЈА НАМАЛУВААТ ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА

I Секое утро на празен желудник изедете 1 чешно лукче или голтнете го со чаша вода за да немате лош здив.

II Откако ќе го голтнете лукчето, за појадок изедете еден голем грејпфрут или исцедете го и испијте го сокот.

III На менито додадете и авокадо кое е богат извор на омега-3 масни киселини. Одлично е за срцето и ги уништува мастите во телото.

IV Хељда е намирница која мора да биде застапена на вашето мени. Јадете леб од хељда, правете десерти… Го регулира метаболизмот и го штити црниот дроб. Го чисти организмот од глукоза и лекови, а ја подобрува работата на некои хормони.

V Артичоката можете и сами да си ја одгледувате. Содржи мал број калории а исклучително е хранлива. Ензимите што се содржат во овој зеленчук делуваат регенеративно и заштитно на целиот организам.

VI Куркумата е совршена за детоксикација на организмот. Користете ја почеста како зачин или пијте ја како чај.

VII Сокот од цвекло и суво грозје прави чудо за телото. Освен што ги топи вишокот килограми, овој сок го чисти организмот од отрови и вишок масти.

Потребни состојки: 2,5 чаши вода (625 мл), 300 г свежо цвекло, 65 г суво грозје и 2 лимони – сок

Постапка: ставете ја водата на оган да зоврие, па тргнете ја на страна и додајте го исчистеното цвекло исечено на коцки и сувото грозје. Поклопете и оставете постепено да излади 45 минути. Потоа целата содржина ставете ја во блендер и сомелете ја до изедначување. Во смесата додајте и свежо исцеден сок од 2 лимони.

Консумирајте го овој напиток 5 дена континуирано и тоа во утринските часови. Доволна е 1 чаша од овој напиток дневно за да го исчисти вашиот црн дроб, а килограмите потоа сами ќе продолжат да се топат.