УРОВ (vicia sativa/vicia ervilia) е мешункасто растение кое главно се користи како сточна храна. Меѓутоа, ова растение е многу хранливо и корисно и за луѓето.

Ова е мeшункасто растение од подвид на граор, пченица, ‘рж, јачмен и леблебија. Изобилува со минерали особено калиум, калциум, магнезиум а од витамини содржи витамин Е, А и Д.

Посебно се препорачува за луѓе со ослабната мускулатура или болки во ‘рбетот, грбот и вратот. Во комбинација со печен ‘рж се користи за намалување на маснотиите во крвта и регулирање на целиот липиден статус.

Може да помогне при:

-Хемороиди
-Имунитет
-Јакнење на срцев мускул

Рецепт за МАСНОТИИ ВО КРВ

Потребни состојки:

200 г печен уров
200 г печен ‘рж

Постапка:

Во сува тава пропржете ги семињата, па откако ќе изладат сомелете ги во прав, а мешавината складирајте ја во стаклена тегла.

Се приготвува на следниот начин: Една супена лажица од мешавината се натопува одвечер во чаша вода, а наутро на празен стомак се пие.

Обидете се овој напиток да го пиете незаследен, на гладно. Се пие во текот на 10 дена секое утро, непрекинато.

Овој напиток го зајакнува срцевиот мускул, ја поттикнува менталната и физичката активност на целиот организам.