Ќе ви го претставиме рецептот за приготвување на многу вкусен, освежителен, а пред сè здрав напиток од тиквички кој ќе ви помогне многу брзо да ocлабете, да се ocлободите од вишoкот мacти во телото, но и од токcините.




Искористете ја омилената сезонска намирница за да подобрите дигестијата и воопшто целокупното здравје на организмот. Тиквичките се една од омилените нискокалорични намирници – полни се со вода, витамини, минерали, хранливи се и можат да бидат исклучително вкусни.




Навикнати сме да ги пржиме тиквичките, да подготвуваме разни солени јадења, најчесто за ручек или закуска, па дури правиме и колачи од нив, но оваа cyпер здрава храна можете да ја користите и за подготвување на напиток за cлабеење.




Тиквичките се полни со влакна, кои дефинитивно позитивно ќе влијаат на вашата дигестија, но и ќе помогнат и во peгулирањето на апетитот. Големите количини на растителни влакна помагаат да се намали апcopпцијата на мacтите и се корисни во диета која има за цел да го намали нивото на холестерол и триглицериди. Тие содржат калиум и магнезиум.




Еве еден рецепт за еликcиp за cлабеење во кој тиквичките играат главна улога, а другите исклучително здрави намирници додаваат уште поголема вредност на овој напиток. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јаболко (мо можност зелено, киселкасто, но може и какво имате), 2 помали зелени тиквички (најдобро е да бидат млади, за да не мора да ги лупите), 4 листови кељ, (1/2 см) парче ѓумбир (може и повеќе, по вкус), ½ лимон (сок)




ПОСТАПКА: Листовите кељ потребно е добро да се измијат низ млаз ладна вода и да се остават 15-тина минути да отстојат во вода во која сте додале малку оцет. Истото сторете го и со тиквичките кои доколку се млади не треба да ги лупите, напотрив, напитокот е уште поефикасен доколку ги искористите сосе кората.




Јаболкото доколку е прскано излупете го, исечете го на коцки и отстранете ги семките. Од половина лимон исцедете го сокот. Сите состојки ставете ги во блендер и измиксајте неколку минути, сè додека да добиете изедначен, густ и здрав сок.




Се препорачува да пиете по една чаша дневно за ужина помеѓу оброците. Напитокот можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Доколку во моментот не можете да набавите свеж кељ, истиот можете да го земените со свежи листови од босилек. Еве го вториот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 млада тиквичка, 1/2 лажичка рендан ѓумбир (може и повеќе), 10 листови свеж босилек, 1 прстофат црн пипер, 1 лажичка ким, 2 до 3 лажички лимон, 2 чаши вода, по желба може да додадете и 1 зелено јаболко (не мора).




ПОСТАПКА: Измијте ја и исечкајте ја тиквичката, а доколку не е млада, излупете ја. Ставете ја во блендер, додајте ѓумбир, босилек и вода. Добро измиксајте и додајте ги останатите состојки. Мешајте додека смесата да стане компактна и овој сок пијте го веднаш, најдобро на гладно, помеѓу оброците.