На интернет се појави статија од маж кој по редовен лабораториски преглед на крвта добил наод во кој вредностите на холестеролот, шеќерот, триглицеридите и уреата му биле високи “до плафон”.
По ваквите шокантни резултати за него, бидејќи тој се чувствувал здраво и претходно немал видливи тегоби, се одлучил да направи промена во својата исхрана и да се обиде да се излекува со помош на природната медицина.
Па така, за еден месец кога направил контролен преглед, неговите наоди од крвта се подобриле. Еве што тој користел.
Потребни состојки:
100-120 г сирова тиква
100-150 мл вода
Постапка:
Тиквата исчистете ја од тврдата кора, исечкајте ја и ставете ја во блендер со малку вода. Миксајте со постепено додавање на вода, додека да добиете хомогена смеса. По вкус, може да додадете уште вода.
Овој напиток треба редовно да се консумира секој ден, наутро, 20 минути пред појадок, во период од еден месец.
Овој напиток, како што тврдат, нема нуспојави, бидејќи вклучува само сирова билка и вода.