Кашлицата претставува мускулна контракција со која организмот се обидува да се ослободи од натрупаната слуз во бронхиите и која може да биде инфективна.
Значи, кашлицата – е помошник на кој треба да му се даде поддршка. Решението од овој проблем, како и многупати може да се најде во жалфијата. Денес ви откриваме еден многу стар рецепт, квалитетен и ефикасен во своето дејство.
ЗОШТО ЖАЛФИЈАТА ПОМАГА ВО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СЛУЗТА?
Високата ефикасност на оваа билка се објаснува со постоењето на етеричните масла во нејзините листови, кои поседуваат антибактериско и антиинфламаторно дејство.
Исто така, во нивниот состав влегуваат многу фосфорни киселини, витамините Ц, Б1, П, танини. Народната медицина препорачува при сува кашлица да се користи напиток од млеко со жалфија.
Се смета дека таквиот напиток ја омекнува сувата и напорна кашлица, ја раствора слузта, стимулира нејзино исфрлање и го олеснува искашлувањето. Поседува антисептичко и антиинфламаторно дејство и придонесува кон побрзо закрепнување.
МЛЕКО СО ЖАЛФИЈА ПРОТИВ КАШЛИЦА – РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
250 мл млеко
1 супена лажица жалфија
1 мала лажичка путер
1 мала лажичка мед
½ лажичка куркума или помалку
Постапка:
Во еден сад на тивок оган ставете 250 мл млеко, па додадете една супена лажица сува жалфија.
Штом млекото ќе зоврие, веднаш тргнете го од оган. Додадете една лажичка путер, поклопете и оставете 15 минути. Потоа процедете, засладете со мед и додадете малку куркума.
Промешајте добро и испијте го цел, половина час пред спиење. На овој начин се постигнува мирна ноќ, без напорна кашлица. Може да се применува неколку денови, додека да почувствувате олеснување и лесно исфрлање на слузта од бронхиите. Напитокот може да го користат деца над 2-3 годишна возраст, а исто така и возрасните.
Напомена: И покрај тоа што овој рецепт е многу делотворен кај проблеми со кашлица, и самите лекари сугерираат дека жалфијата поседува одличен искашлувачки ефект, сепак треба да се придруваме кон одредени лекарски препораки.
На пример, овој напиток може да ја запре лактацијата, па затоа не се препорачува кај доилки. Исто така, треба да бидат внимателни и лицата кои се склони на бубрежни болести и хипотензија.
Млекото со жалфија можете да го приготвите и без куркума.