Алтернативната медицина нуди целосно природен лек, за кој тврди дека освен што ги намалува мастите, истовремено го чисти и организмот од тешко прејадување.

Подобрување треба да се очекува по два месеци, кога треба да се направи и лабораториска анализа на крвта, заради проверка.

Меѓутоа, подобрувањето честопати се чувствува уште веднаш по започнувањето на терапијата, уште првите 10 дена.

Но, за да ја исчистите целосно крвта и да ги елиминирате сите масни капки кои создаваат плаки на крвните садови, бидете упорни и редовни во текот на два месеци.

Потребни состојки:

1 кг лимони (со кора, непрскани)
2 литри газирана вода
400 г корен и лист од целер

Постапка:

За приготвување на овој лек потребно е да измиете и да исечете на тркала еден килограм лимони, во поголемо тенџере да ставете 2 литри вода. Да изрендате 400 г целер и да го помешате со лимонот.

Ако лимонот е купечки, измијте го со раствор од сода бикарбона, оцет или морска сол, за да се тргне восокот од кората.

Ставете на оган, а кога ќе проврие оставете да се готви на тивко уште 20 минути, а потоа оставете да се лади 6 часа.

Содржината процедете ја низ цедалка, складирајте во стаклено шише и чувајте на ладно место. Пијте по 100 мл трипати на ден пред јадење.

Ако напитокот ви е силен, можете да го разредете со минерална вода во еднаков однос (100 мл напиток и 100 мл вода).