Штрудличките со сирење се идеални за сите видови прослави, бидејќи може да се сервираат како топло предјадење или да бидат одлична вечера во вашиот дом.

Потребни состојки:

500 г брашно

100 г путер/маргарин

100 мл масло

1 јајце

1/2 лажичка сол

1/2 коцка (20 г) квасец

100 мл млеко

1 лажичка шеќер

ФИЛ:

300 г кравјо ситно сирење

1 жолчка

100 мл јогурт

За премачкување:

1 жолчка

50 г сусам

Постапка:

Во 100 мл млака вода помешајте лажичка шеќер и квасец. Оставете да отстои десеттина минути. 

Во пластична чинија подгответе ги сите останати состојки и додадете го надојдениот квасец.

Замесете тесто и покријте го со крпа. Оставете да отстои 30 минути на топло.

Надојденото тесто премесете го и поделете го на два помали дела, а секој дел развлечете го со оклагија во потенка кора.

Сирењето, јогуртот и жолчката добро промешајте ги.

Развлечената кора премачкајте ја со половина фил, па свиткајте ја како ролат. Истото повторете го и со другата половина од тестото и филот.

Ролатите сечете ги на помали штрудлички. Премачкајте ги со матената жолчка и наросете со сусам.

Редете во намастен плех и печете околу 25 минути на температура од 250 степени. Печените штрудлички вадете ги од рерна и прекријте ги со крпа неколку минути.

recepti.com