Потребни состојки:

500 г кори за пита

Фил:

500 г мелено месо

2 главици кромид

1 рака магдонос

Сол, црн пипер

100 мл масло

Прелив:

200 мл јогурт

200 мл газирана вода

4 јајца

Малку сол

Постапка:

Испржете го ситно сечканиот кромид на масло. Додадете го меленото месо, посолете и запиперете по вкус.

Пржете на умерен оган 10-15 минути со повремено мешање. Обилно поросете со сечкан свеж магдонос.

Во намастен плех ставете две кори, па нанесете рамномерно од филот. Редете ги корите наименично со филот, додека целиот да го потрошите.

Исечете ја питата на коцки, па прелијте со изматени јајца измешани со јогурт и газирана вода.

Оставете 15 минути за убаво да се впие течноста.

Печете 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Гога питата ќе биде убаво испечена, уште еднаш пресечете ја, па послужете.