Лесен е за приготвување, многу вкусен и обилен.
Потребни состојки: 6 жолчки, 12 рамни лажици шеќер, 200 мл ладно млеко, 100 мл масло, 6 полни лажици брашно (120 г), 3 лажици какао и ½ прашок за печиво. За бел крем: 6 белки, 12 лажици шеќер, 4 лажици вода и 10 лажици шеќер. За чоколадна глазура: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици шеќер, 4 лажици вода и 4 лажици масло
Постапка: Изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете млеко, масло и какао, парок за печиво и брашно. Смесата излејте ја по намастен и набрашнет плех, па печете на 200 степени околу 15-20 минути.
Изматете цврст снег од белки и постепено додадете 12 лажици шеќер и матете додека да се растопи шеќерот. Десет лажици полни шеќер ставете на оган со 4 лажици вода да зоврие и да се растопи, па полека додавајте во снегот од белки и матете додека да стане сјајно и да се зголеми волуменот.
Печената кора се вади од рерна и се намалува на 130 степени. Снегот од белки рамномерно се премачкува врз кората и се враќа во рерна уште 10 минути. Потоа колачот го вадиме од рерна и го преливаме со чоколадна глазура. Веднаш го сечиме на коцки.
Напомена: Бидејќи во снегот од белки оди многу шеќер, јас ја намалив оваа количина. Во оригиналот пишуваше 15 лажици во белките и уште 12 во сирупот. Вие одлучете како сакате. Ако вие уште повеќе го намалите шеќерот, внимавајте до следниот ден да не „падне“ снегот.
Коментар на Лидија Марјановиќ: “грешка…не е тајната во белиот крем…туку во нешто што е испуштено…тестото додека е врело треба да се премачка со мармалад, најдобро од сливи, па потоа да се стави белката и да се потпече во топла рерна, па дури потоа да се прели со чоколадната глазура.”