Рецепт на Катица од just.katebake. Ова ми е еден стар рецепт, го правев пред 20 години и остана заборавен. Многу е вкусен што денес решив повторно да го подготвам. Немам конкретно име за колачот, па доколку некој се сети на името нека ми го каже.
Решив да го направам повторно бидејќи на сопругот толку многу му се допадна што ме натера денес повторно да го направам. Внатре во колачот има многу вкусен крем, кој прв се подготвува. Бидејќи не го знам името, колачот го нареков Јосипов колач по маж ми, бидејќи тој ме натера да се потсетиме на старите времиња.
Потребни состојки за крем: 4 жолчки, 150 г шеќер во прав, 1 ќесичка ванилин шеќер, 100 г црно чоколадо, 125 маргарин. За база: 250 г мелени ореви, лешници или бадеми, 250 г мелени бисквити, 200 г шеќер во прав, 200 г маргарин, 1 супена лажичка какао, 50 г топено чоколадо, 3 супени лажици млеко.
Постапка – подготовка на кремот: Во сад додајте ги жолчките со шеќерот и ванилиот шеќер и изматете со миксер. Потоа садот ставете го на пареа врз тенџере и повремено мешајте го додека да се растопи чоколадото и добиете чоколаден крем.
Кремот е подготвен и ставете го на страна да се излади. Кога ќе се излади, додајте го маргаринот и вмешајте го во кремот. Подготовка на кората: Чоколадото ставете го во ќеса со зип во замрзнивач, а потоа ставете го во топла вода да се стопи.
Кога ќе се стопи чоколадото, исечете го врвот на ќесата. Во подлабок сад се мешаат сувите состојки. Додајте ги во садот мелените ореви, бисквити, шеќерот во прав и какаото и соединете ги состојките.
Растопете го маргаринот и додајте го во садот со суви состојки. Потоа истиснете го стопеното чоколадо и повторно промешајте за да се соединат состојките. Бидејќи приметив дека конзистентноста на смесата е малку сува и се распаѓа, решив да испробам нешто ново.
Порано во колачот не додавав млеко, но овојпат додадов 3 лажици млеко и уште малку мелени бисквити. Смесата може да ја мешате и со раце за да ја почувствувате нејзината конзистентност.
Смесата треба да се остави некое време да се излади исто како и кремот. Може и колачите да ги правите наеднаш во силиконски калап за мафини, така што во еден калап може да подготвите повеќе мафини одеднаш.
Ставете во калапчињата од кората и направете шуплина со чаша. Во шуплината додајте од кремот негде до врвот, а потоа натапкајте со кората за да ја затворите празнината. Калапот ставете го во замрзнивач неколку минути, а потоа лесно ќе излезе колачот од калапот.
Шуплината на овој начин може да ја вадите со чаша доколку ја собира во калапот, а горниот слој со кој го прекривате кремот исто така вадете го од размесена кора со која ќе извадите тркалезни кругови кои е потребно да ги натапкате на површината на секое калапче.
Ставете го калапот во замрзнивач за да се стегне кората, а потоа вадете ги колачињата на хартија за печење. Премачкајте го калапите со масло пред да ја ставите кората во нив.
На врвот на колачињата додајте чоколадни топчиња или коцка чоколадо и прелијте со прелив од чоколадо по избор или некој друг прелив. Колачот е превкусен, а се подготвува многу лесно и брзо. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска