Оваа година беше родна за кајсиите, па да ги искористиме максимално и да го приготвиме вкусниот џем кој одлично одговара за палачинки, колачи, торти и да се мачка на лепче.
Потребни состојки:
5 кг зрели кајсии
200 г шеќер * (или по вкус)
1 конзерванс (може и без)
Постапка:
Кајсиите убаво се мијат и се чистат од семките. Измешајте ги со шеќерот и добро изгмечете ги со раце. Ставете ги да се варат со повремено мешање на тивок оган. Џемот се вари 2-3 часа.
Готов е кога ќе повлечете со лажицата и ќе го видите дното на садот.
На крајот додадете конзерванс и варете уште неколку минути. Оние што не користат конзерванс нека не го ставаат (без конзерванс се прави стерилизација во рерна).
Варениот џем складирајте го во топли тегли, затворајте ги и веднаш вртете ги наопаку 2-3 минути за да се создаде вакуум.
Теглите редете ги во гајба, покријте ги во ќебе и оставете ги до следниот ден додека целосно да изладат.