Палачинките се омилен десерт на многумина од нас. Лесно се подготвуваат, а вкусот е незаменлив. Сепак, колку и да ги правиме и колку лесно и да се подготвуваат, може да се случи тестото да не излезе како што треба.




Речиси и да не постои рецепт за палачинки кој не вклучува јајца. Јас често ги правам, но во недела кога станав да подготвам палачинки набрзина видов дека немам јајца и многу се растажив. Потоа ќерка ми одма ми најде рецепт на Интернет без јајца, за кој искрено се двоумев и се мислев, но откога ги направив речиси и да не се забележува дека се прават без тоа:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажичка ди-го квасец, 10 г шеќер, 300 г меко брашно, 50 мл вода, прстофат сол, 500 мл млеко и малку масло за премачкување на тавчето.




ПОСТАПКА: Во еден мал сад ставете 1 лажичка сув ди-го квасец. Додајте 10 г шеќер и околу 20 г брашно. Промешајте и во смесата ставете 50 мл обична вода на собна температура. Оставете квасецот да набубри 10 минути.




Во тенџере истурете го млекото и варете на ниска температура додека да се затопли. Пред да почне да врие, тргнете од рингла и оставете да излади, треба да биде млако. Топлото млеко префрлете го во сад со 280 г брашно, а потоа додајте ја и смесата со квасецот.




Убаво измешајте ги состојките додека да се формира мека и мазна структура која е идентична на смесата за палачинки која се прави со јајца. Посолете со прстофат сол. Соединетата еднолична смеса оставете ја да отстои 10 минути на совна температура пред да почнете да ги пржите палачинките.




Палачинките подготвувајте ги во обично намастено тавче. Идеално е тавчето да го намастувате со четкичка (за да нема премногу масло) пред секоја палачинка. Палачинките се пржат по 1 минута од секоја страна.




Овие палачинките можете да ги јадете во солена или слатка варијанта, немаат многу шеќер во нив, па затоа рецептот е доста флексибилен и може да се користи дури и како замена за леб. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.