Најубавиот старински колач кој некаде е запишан како „чудо од две јајца“, а некаде едноставно „колач со жолт фил“. Како и да е, колачот е многу вкусен, бидејќи е мек и кремаст, па многумина сè уште го приготвуваат. Запишете си го овој рецепт и прва пригода пригответе го овој колач. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 350 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 2 јајца, 1 лажица сок од лимон, 400 мл млеко, 150 мл масло, 200 г мелени ореви, 400 г брашно, 1 прстофат сол и 1 кесичка прашок за печиво (10 г).




За жолт фил: 700 мл млеко, 100 г шеќер, 2 кесички пудинг со вкус на ванила и 125 г путер или маргарин. За кафеав фил: 700 мл млеко, 100 г шеќер, 2 кесички пудинг со вкус чоколадо и 125 г путер или маргарин.




ПОСТАПКА: Јајцата оенасто изматете ги со миксер, па започнете постепено да го додавате шеќерот, ванилата, а на крајот и сокот од лимон. Матете додека шеќерот целосно да се растопи, а смесата да посветли и да стане како крем. Додека непрекинато матите додајте го млекото во тенок млаз.




Намалете ја брзината на миксерот, па додајте го маслото. Кога ќе се изедначи додајте ги и мелените ореви. Во брашното додајте малку сол и прашокот за печиво. Промешајте ги и просејте ги сувите состојки. Во неколку наврати додајте ја оваа мешавина во кремастата смеса и соединете со миксер.




Подгответе плех со димензии 35х30 см, намастете го и набрашнете го, а вишокот брашно истресете го. Излејте ја приготвената смеса, распоредете и израмнете, па ставете во претходно загреана рерна на 170 степени да се пече околу половина час.




По изминатото време исклучете ја рерната и оставете го колачот уште 10 минути со подотворена рерна. Потоа извадете го и оставете го да се лади 20 минути. Бисквитот пресечете го хоризонтално за да добиете две големи, а тенки кори (може да ви послужи рибарски конец или долг, ocтар нож).




Пригответе го пудингот од ванила вообичаено: Прашокот разматете го во малку млеко, а остатокот ставете го на оган заедно со шеќерот, па кога ќе зоврие додајте ја смесата со постојано мешање додека да згусне. Додајте го путерот и мешајте додека да се растопи и соедини со пудингот. Прелијте го топол врз пресечената половина.




Водете сметка, пресекот на двете кори да гледа кон горе кај двете креми, за полесно да бидат впиени. Откако рамномерно ќе го распоредите жолтиот фил и ќе го израмните, поклопете го со втората кора.




На ист начин пригответе го кафеавиот фил и рамномерно распоредете го врз кората. Израмнете и одозгора наросете сечкани ореви. Оставете целосно да излади, најдобро преку цела ноќ. Следниот ден сечете коцки и сладете се.