Вака подготвениот спанаќ нема да го одбијат дури ни децата, кои ретко сакаат да го јадат. Денес ќе ви откриеме еден одличен рецепт со кој спанаќот излегува многу вкусен, кремаст, убаво издинстан и привлечен дури и за најмладите. Од само неколку состојки и вашиот вкусен и здрав оброк ќе биде спремен. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг свеж спанаќ, 20 г путер, 2 главици кромид, 3 чешниња лук, 1 јајце, 400 мл млеко, 2 супени лажици брашно

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг спанаќ, 1 главица спанаќ, 200 мл млеко, 1 јајце, 1 чешне лук, 1 супена лажица брашно, 1 супена лажица путер или масло

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Спанаќот исчистете го и лист по лист исперете го под млаз ладна вода. оставете го во цедалка кратко време за да се исцеди од водата. Во поголемо тенџере зовријте вода, па ставете го спанаќот и гответе го на умерена температура 20 минути.




Во меѓувреме ситно исечкјате го кромидот. Во тава ставете сосем малку масло и 20 г путер да се растопи, па додајте го сечканиот кромид и динстајте го 10-тина минути додека да омекне и застакли. Потоа додајте го сечканото лукче и динстајте уште 1 минута.




Сварениот спанаќ процедете го од водата, па распоредете го во чинија и исечкјате го со нож, па ставете го во тавата заедно со динстаниот кромид. Продолжете со динстањето 20-тина минути со повремено промешување.




Додека се динста спанаќот настрана изматете едно јајце, помешајте го со млекото и посолете го со малку сол. После 20 минути пржење започнете со процесот на динстање кој трае 10-15 минути. Смесата од јајце и млеко постепено излејте ја полека во спанаќот и промешајте.




Оставете малку од млекото и во него разредете две супени лажици брашно, да нема грутчиња, па сето додајте го во смесата од спанаќ и млеко. Продолжете со динстањето уште кратко време додека сето да се соедини и вашето јадење е готово. Послужете топло. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 2: Спанаќот добро измијте го и исечкајте го на тенки лентички. Обарете го во зовриена вода неколку минути, па добро процедете го. Во тава на масло или путер пропржете ситно сечкан кромид, а потоа додајте и лукче, па додадете лажица брашно.




Спанаќот промешајте го со млекото, додајте изматено јајце и смесата со брашно и лук. Зачинете и динстајте на тивок оган додека да згусне. Вашиот кремаст, сочен и многу вкусен оброк е готов и можете да го послужете.