Брза и без печење FERRERO ROCHER торта, која е погодна за апсолутно секоја пригода, бидејќи делува многу богато и декоративно.

Можете секогаш да ја послужите за секаква пригода за секакви гости, нема да бидете разочарани.

Потребни состојки за прв слој:

300 г наполитанки од лешник (нугат)
150 г лешници
200 г нутела

Потребни состојки за втор слој:

500 г маскарпоне (свежо кравјо крем сирење)
400 г нутела
100 г наполитанки лешник (нугат)
200 г лешник

Потребни состојки за трет слој:

300 г нутела
10 г Ferrero rocher чоколатца

Постапка:

Лешниците запржете ги малку на сува тава додека да замирисаат. Излупете ги и сомелете ги.

Во мултрипрактик сомелете ги наполитанките и измешајте ги со лешници и нутела. Смесата натапкајте ја на дното од калапот за торта и оставете да излади.

Остатокот од сомелените наполитанки измешајте ги со лешник, маскарпоне и нутела. Добро промешајте па премачкајте го првиот слој.

Преостанатата нутела растопете ја на кратко во микробранова пречка па премачкајте ја со неа тортата. Преполовете ги фереро чоколатцата и наредете ги врз тортата.

Вашето ремек дело е готово.