Постојан милион различни рецепти за вкусни пити, некои се подготвуваат со течна смеса која се излева, а некои се подготвуваат долго време со замесување на тестото и отстојување на неколкупати. Оваа пченкарна пита е од оние кои се замесуваат, но тестото се меси брзо и лесно. Потоа, се развлекува, се филува и се става на печење, а се прелива и со млеко или кајмак. Тоа ја прави оваа пита посебна и многу сочна. Едноставно ќе ги стопли вашите срца. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОTO: 250-300 г брашно, 1/2 лажичка сол, 200 мл млака вода или помалку за замесување на потврдо тесто. ЗА ФИЛOT: 3 јајца, 300 г сирење, 200 г милерам или кисела павлака (помрсна), 3 лажици растопен путер или масло, 1/2 лажичка сол, 6 лажици гриз, 4 лажици пченкарно брашно. Питата може да се прави и без брашно, само со гриз, во тој случај се става 10-11 лажици гриз. ЗА ПРЕЛИВАЊЕ: 1 мала лажичка масло, 200 мл неутрална павлака, 100 мл млеко.




ПОСТАПКА: За да го направите тестото, издвојте ги намирниците кои се напишани погоре. Од 300 г брашно, одземете околу 50 г и ставете го во подлабок сад. Остатокот од брашното, зачувајте го за подоцна. Во поголемиот дел од брашното направете вдлавнатина и додајте 1/2 лажичка сол и постепено додајте нешто помалку од 200 мл млака вода (1 чаша).




Замесете го тестото со рака со постепено нафрлање на брашното од страните. Замесете фино и меко тесто, кое не треба да биде лепливо, па кога ќе се соедини, префрлете го на набрашнета маса и домесете го додека тестото да стане еластично, приближно 5-10 минути.




Вака подготвеното тесто се враќа во садот каде што го замесивте, се намастува со малку масло или путер и садот се покрива за да не се суши, па се остава да одмори, додека го подготвувате филот. ЗА ФИЛОТ: На рингла растопете 3 полни лажици масло и оставете малку да се подолади. Во друг сад изматете 3 јајца со жица, посолете ги, па додајте 200 г кисела павлака (или милерам), па набрзина измешајте.




Додајте го сирењето (може да биде и крем сирење или некое друго сирење кое го користите за пита „сирница“). Измешајте ги состојките додека да се формира течна смеса, без грутчиња, па додајте го растопениот путер. На крајот се додава гризот и брашното. Филот треба да биде погуст.




Кога тестото ќе одмори, потребно е да го развлечете, но ако имате време може да го размесувате на два-трипати и да оставате да одмори, за развлекувањето да биде полесно и кората да биде помека. На рамна површина, се набрашнува, па се става тестото и со оклагија се развлекува најтенко што можете, во поголем круг.

Тестото малку се намастува, па се остава уште малку да отстои, неколку минути. Тестото треба да биде тенко и се развлекува преку целата маса (како што е прикажано на видеото подолу). Тестото се сече на ленти, прво се сече вертикално со пречник од 25 см или според големината на вашата работна маса.




Секој пресечен дел (во форма на квадрат) се превиткува на половина (погледни видео) и на превитканиот дел се става по една топка од филот, па се витка од сите страни во коцка. На истиот начин се подготвува, додека да го потрошите целото тесто. Коцките (кои личат на спакувани сарми) од тесто се редат во плех една до друга и малку се намастуваат, па се става на печење во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 20 минути.




ЗА ПРЕЛИВАЊЕ: На рингла измешајте го млекото со неутралната павлака, додајте малку масло, па кога ќе зоврие, тргнете од рингла. По изминатото време, на печење на питата, млекото прелијте го врз питата, па вратете во рерна уште 2 минути. Потоа оставете да отстои уште 10 минути покриено, па се послужува. Питата може да се прелие и со домашен кајмак. Деталите погледнете ги ОВДЕ.