Сигурно сте се прашувале како се прави Милка, тој фантастичен вкус кој остава без здив! Сега сте во можност да направите Милка торта за само 30 минути. Ова е најпознатата торта, а освен по вкусот позната е и по едноставноста за приготвување. Уживајте во нејзиниот вкус.
Еве што ви е потребно: 1 литар млеко, 10 лажици шеќер, 3 пудинзи од ванила, 300 грама млечно Милка чоколадо, 100 грама бело милка чоколадо, 500 мл слатка павлака и плазма кекс колку што е големо дното на обрачот.
Постапка: 8 децилитри млеко искористите за да го разматите пудингот и шеќерот. Останатото млеко ставете го да зоврие, па додајте го разматениот пудинг и шеќерот. Врелата смеса поделете ја на половина, па во едниот дел ставете го белото, а во другиот млечното чоколадо и мешајте дури не се растопат.
Измиксирајте ја слатката павлака, па по четвртина ставете во двете смеси. Земете обрач или округла шерпа, ставете кеса и излијте го белиот крем, а потоа остатокот од слатката павлака (половината која остана) па згора ставете го темниот крем.
Потоа ставете ред кекс потопен во млеко. Затворете ги краевите на кесата и ставите во ладилник неколку часа. Извадете, отворете ја кесата, со помош на тацна превртете ја тортата и вашата Милка ќе биде со идеален облик. Уживајте!