-За повеќето пушачи – цигарите и кафето се неразделен тандем!
Ако запрашате некој пушач од што поскоро би се одрекол, од цигари или кафе, сигурно наместо одговор ќе добиете само еден прекорен поглед, а тој истиот би се препуштил во уживање на цигара. Со кафе.
Ова чувство веројатно го познава секој пушач – потребата со кафе секогаш да се запали цигара и обратно.
Иако многумина се прашуваат зошто е тоа така, научниците одлучиле најпосле да ја истражат целата ситуација и да ни понудат одговор.
И како што дознаваме, виновникот кој се крие зад оваа нездрава комбинација се гените?!
Истражувачите од Универзитетот во Бристол откриле дека луѓето кои имаат т.н. “тутунски ген” (да, замислете навистина постои и го зголемува ризикот дека некој ќе стане пушач) мораат покрај пушењето цигара да пијат и кафе.
Една од причините за тоа е фактот што никотинот го менува начинот на кој телото го процесуира кофеинот.
Тоа значи дека има одредено влијание врз човековиот метаболизам и тој побрзо го разложува кофеинот и со самото тоа на пушачите им е потребно повеќе кофеин за истите ефекти кои ги има кај непушачите и затоа речиси инстиктивно посегнуваат по кафе кога палат цигара.
Исто така, истражувачите веруваат дека овој “тутунски ген” не еволуирал туку така и дека веројатно причината за тоа не е пушењето, туку нешто многу покорисно што е потребно да се открие што поскоро.
Пушењето има повеќе различни влијанија врз здравјето, а ниедно од нив не е добро. Ги оштетува белите дробови со тоа што создава слуз и катран во ткивото и со текот на времето доведува до појава на емфизема, кога џебовите за воздух во плуќата се уништени. Главната состојка на тутунот, никотинот, го потиснува апетитот и доведува до помала апсорпција на хранливите состојки.
Кафето може да го стимулира вашето расположение, да направи да се чувствувате помалку уморно и го подобрува варењето после обилен оброк.
Ја стимулира работата на цревата и крвототкот, како и излачувањето на материите од организмот. Шолја кафе може да го подигне крвниот притисок и да ја успори работата на срцето за кратко време, но повеќе од една шолја може да го забрза срцето. Исто така, видост станува поостар и полесно дишете.
Она што пушачите би требало да го имаат на ум е дека на своето здравје му нанесуваат непоправлива штета со тоа што палат цигара додека пијат кафе. Кога овие две работи се консумираат истовремено, ѕидовите на артериите стануваат многу повеќе крути отколку кога би се консумирале одвоено во различно време.
Никотинот и кофеинот влијаат негативно врз срцето и придонесуваат за појава на одредени ризик фактори. Покрај крутост на артериите тие предизвикуваат и бројни срцеви болести.
Заедно многу поштетно влијаат врз здравјето на срцето отколку кога би се консумирале одвоено. Доаѓа до поголема снабденост со крв и тоа се јавува и кај мажите и кај жените подеднакво.
И едната и другата супстанција се стимуланси, но додека кафето го зголемува протокот на крвта, никотинот ги стеснува артериите па така срцето има проблеми во работата бидејќи мора да ги исполни и двете барања кои се очекуваат од него.
Долгорочната комбинација на кафе и гигари доведува до појава на депресија. Колку и да е добро повремено да се напиете шолја кафе наутро, цигарите никогаш не се добар избор.
Доколку кафето само по себе ви е тригер за да запалите цигара, постојат неколку начини како можете да го одбегнете пушењето со пиење на шолја од вашиот омилен пијалак. Една од замените за цигара може да ви биде сечкан зеленчук, или пак, кафето заменете го со зелен чај додека да ја надминете оваа лоша навика.
За да намалите штетата која цигарите му ја нанесуваат на вашето здравје, потребно е да ја изгасите цигарата кога ќе дојдете до половина, да пиете доста течности, да јадете многу свежо овошје и зеленчук, да минувате повеќе време во природа и да јадете храна која ја намалува желбата за цигари и кафе.