Рецепт и видео: Милица Бијелиќ
Рецептот што ќе го споделам со вас го применив самата пред 4-5 години, а станува збор за лек за зглобови.
Овој лек особено е добар за жени кои влегуваат во менупауза, кога започнуваат проблемите со зглобовите и коските, кога е намалена подвижноста на прстите и рачните зглобови и т.н.
Кај мене, пред 4-5 години започна да ме боли палецот, а потоа и малиот прст, и воопшто имав потешкотии со виткањето на прстите.
Јас го применив рецептот кој сега ќе ви го откријам и во рок од седум дена ми исчезнаа болките. Покрај еликсирот што го пиев, ставав и лековита облога, исто така во текот на седум дена.
Потребни состојки:
1 корен од свеж ѓумбир
1 лимон
4-5 лажици мед
Постапка:
Ѓумбирот излупете го или само изрендајте го заедно со кората доколку е домашно производство.
Ренданиот ѓумбир ставете го во стаклена тегла, па додадете сок од свежо исцеден лимон. На крај додадете мед и убаво промешајте.
Смесата оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер.
Употреба: По една супена лажица трипати дневно, пред оброк.
Овој еликсир исто така е добар детокс, го чисти организмот од токсини и поттикнува празнење на цревата. Освен што е добар за коски и зглобови, ја подобрува виталноста на целото тело, а добар е и за ублажување на симптоми од астма.
Напомена: Лица кои користат лекови за разредување на крвта, се препорачува да земаат помали дози од смесата, односно мала лажичка.
ЛЕКОВИТА ОБЛОГА
Освен овој лек, се приготвува и лековита облога која се приготвува од еднаква количина од брашно, водка и мед. Смесата (која е потврда од тесто за леб) се нанесува на болното место и се фиксира со проѕирна фолија.
Се остава да делува преку целата ноќ, а следниот дел се вади и се мие со млака вода. Облозите се ставаат паралелно со консумирање на лекот во текот на седум дена. Постапката можете да ја погледнете во видеото:
https://youtu.be/_22Um8PLxjA