Кифличките изгледаат супер, а додека ги печете привлечниот мирис ќе стигне до вашите соседи… Одлични се.

Потребни состојки:

300 мл млеко
150 мл масло
1 белка
1 лажичка сол
500-600 г брашно
2 прашок за печиво
ситно сирење или фил по желба

за премачкување:

1 жолчка
1 лажица млеко
1 прстофат сол

Постапка:

Во подлабок сад ставете 300 мл млеко на собна температура, 150 мл масло, 1 белка, 1 лажичка сол, па промешајте.

Во течните состојки постепено додадете околу половина килограм брашно и две кесички прашок за печиво.

Промешајте ги добро состојките, па завршете со рачно месење додека да добиете компактно меко тесто кое не се лепи на раце.

Покријте го со фолија и оставете го да одмори 15 минути на собна температура. Потоа префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 12 топчиња.

Секое топче со оклагија развлечете го во овална кора, на едниот крај ставете малку ситно сирење, а другиот крај засечете го неколку пати (види видео). Виткајте ги кифлите и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Одозгора премачкајте ги со изматена жолчка со малку млеко и сол, наросете ги со сусам или по желба, па ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: