Сигурно никогаш не сте сетиле да направите толку брз, а вкусен десерт од само неколку основни состојки. Идејата ми даде ќерка ми, ја послушав и добив десерт како од некоја скапа слаткарница. Гостите беа воодушевени, па ме прашуваа од каде сум ги набавила.




Многу се изненадија кога им раскажав дека ги направив непосредно пред да дојдат, па побараа рецепт. За оваа варијанта се потребни само 4 состојки, но секако, рецептот може да претрпи промени и секој да го измени по свој вкус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г пишкоти (долгнавести, а дебелки бисквити), 50 г нутела (еурокрем или друг лешников крем по ваш избор), 200 мл млеко, 30 г кокосови снегулки, 200 мл слатка павлака за шлаг + 1 супена лажица нутела.




ПОСТАПКА: направете сендвичи од две пишкоти филувани со нутела. Едноставно, земете една пишкота и нанесете една или две лажички нутела, па премачкјате ја преку целата површина од рамната страна.




Потоа поклопете со друга пишкота. Сендвичките тргајте ги настрана на некоја тацна или чинија. Потоа земете две чинии: во едната сипете млеко, а во другата кокосови снегулки/брашно. Земете еден „сендвич“ и натопете го прво во млекото од сите страни.




Доколку повеќе ја сакате „тирамису“ варијантата, наместо млеко, потопувајте ги во јако сварено и оладено кафе или еспресо, а доколку повеќе ја сакате овошната нота, потопувајте ги во сок од портокал или некој друг овошен сок по ваш вкус.




Откако кратко ќе ги натопите во млекото, убаво извалајте ги „сендвичите“ во кокосови снегулки, да се нафати од сите страни. Наместо кокос, може да користите мелени ореви или лешници. Откако ќе ги потопите и извалате сите колачиња ставете ги во соодветни хартиени корпички.




Во подлабок сад сипете ладна слатка павлака и додајте една лажица нутела. Матете со миксер додека да добиете кремаст шлаг. Наместо овој крем, за тирамису варијанта може да употребите маскарпоне или друго крем сирење, па да изматите со малку нутела. Кремот наполнете го во готварски шприц.




Врз секој колач нанесете брановидно од кремот и одозгора наросете чоколадни трошки. За „тирамису“ варијанта користете какао во прав просејано низ ситна цедалка. Деталите погледнете ги во видеопрезентацијата ОВДЕ.