Кај нас ова растение не е толку многу познато бидејќи расте во градините најмногу како украсно растение, а поголемиот дел доаѓа од странство.
Јапонското јаболко пошироко е познато како назив за билка која потекнува од Азија, а во природата може да се најде во Јапонија, Бурма и Кина. Во Европа е пренесена во 15.век, а денес се одгледува во потоплите краишта ширум целиот свет.
Јапонското јаболко е листопадно дрво со плодови со жолто-црвена боја кои кога ќе узреат имаат сладок вкус. Плодовите се берат доцна во есента а денес постојат десеттина подврсти кои се разликуваат според обликот, бојата, вкусот и големината на плодот.
Самиот плод има мала количина калории, но многу јаглехидрати кои се важни за дигестијата. Од минералите содржи: калиум, калциум, магнезиум и фосфор, а од витамините Ц, Б, А и Е и аминокиселини како што се лизин, триптофан, аланин и др.
ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО Е ЛЕКОВИТО
Свежиот плод и неговиот сок се исклучително лековити при дигестивни проблеми како што се: опстипација, воспаление на цревата, хемороиди и разни болести на желудникот како што се лошо варење и гастроентеритис.
Освен за дигестивни пречки, корисно е и за регулирање на крвниот притисок, болести на црниот дроб и жолчката, за јакнење на имунитетот и нервниот систем бидејќи има смирувачко дејство.
Јапонското јаболко може да се искористи во лековити цели и на поинаков начин освен како свеж плод и сок. Излупениот плод кој бил оставен на сонце, преку ноќта ќе добие бела боја и ќе стекне нови лековити својства.
Тогаш може да послужи во борбата против разни паразити во цревата, за лекување кашлица и високи телесни температури, а исто така, и како средство за запирање на крвавењето.
Плодот од јапонското јаболко може да се искористи и за печење на многу ароматична ракија. Исушените плодови се добра зимска намирница со висока нутритивна вредност, па дури може да се искористи и неговото семе како замена за кафе, доколку се препржи и смеле како што тоа се прави со обичното кафе.
Дури и листот од јапонското јаболко може да се искористи поради неговите својства за контакција на ткивото, а исушената кора може да послужи како засладувач на разни јадења и пијалаци.
Наоѓа примена и во козметиката бидејќи од внатрешното ткиво на плодот може да се примени одлична маска за лицето која кожата ја чисти и освежува. Во готвењето најчесто се користи како состојка на разни колачи, креми и десерти.