Ова е најкремастиот колач кој некогаш сте го пробале, а сепак содржи испечен бисквит со ореви и какао, а кремот е домашно приготвен од жолчки. Сите состојки се природни и сите ги имаме в кујна, па вреди да го направите, нема да се покаете. Постапката е лесна и едноставна, еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кора 1: 4 белки, 4 лажици шеќер, 5 супени лажици мелени ореви, 1 супена лажица брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г). ЗА КОРА 2: 4 белки, 4 супени лажици шеќер, 3 супени лажици мелени ореви, 1 супена лажица какао во прав, 1 супена лажица брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г)
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за крем од жолчки: 8 жолчки, 8 супени лажици шеќер, 120 г скроб/нишесте/густин, или 3 кесички пудинг со вкус на ванила (120 г), 1 литар млеко, 125 г путер или маргарин, 500 мл слатка павлака или 200 г шлаг + 400 мл млеко
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: веднаш на самиот почеток вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, зашто смесата брзо се мати и е спремна за печење. Во посебен сад одделете ги белките од жолчките од 4 јајца, за првата кора. Пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите, оставете го миксерот и додајте ги мелените ореви, брашното и прашокот за печење, па промешајте со лажица додека сите состојки рамномерно да се соединат.
![]()
![]()
![]()
![]()
Обложете го плехот 35х25 см или со приближни димензии, истресете ја смесата, рамномерно распоредете ја и израмнете, па ставете да се пече во загреаната рерна, 12 минути или во зависност од рерната. Додека се пече првата кора, пригответе ја смесата за втората.




На ист начин како и за првата, најпрво пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот, па кога ќе добиете цврст снег, рачно додајте ги мелените ореви, брашното, какаото и прашокот за печиво, па сето убаво промешајте го додека да се соедини.
![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата рамномерно распоредете ја во истиот плех во кој се пече и првата кора (обложен со хартија), иста така, приближно 12 минути. Додека корите се ладат, вие пригответе го филот. Во подлабок сад измешајте ги жолчките со шеќерот и скробот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Додајте малку од вкупното млеко за да се разреди смесата, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Црпнете малку од врелото млеко и додајте го во жолчките за да се згреат, па целата содржина вратете ја во тенџерето додека непрекинато мешате. Кога ќе згусне тргнете го настрана, прекријте го со проѕирна фолија и оставете да се олади.
![]()
![]()
![]()
![]()
Настрана изматете ја слатката павлака или шлагот. Оладениот крем кратко изматете го со миксер, па додајте путер омекнат на иста собна температура и пенасто изматете додека да се соедини. Додајте и две шпатули од шлагот, па изматете да се соедини во кремот.
![]()
![]()
![]()
![]()
РЕДЕЊЕ: врз темната кора распоредете половина од кремот, па половина од шлагот. Потоа поклопете ја светлата кора и повторно по половина, остатокот од филот и шлагот. Ибаво израмнете и изладете во фрижидер. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.











