Рецепт и видео презентација на Милица Михајловиќ – Евтино и вкусно, чоколаден и кремаст колач. најевтиниот десерт во светоа, а сите оние кои се љубители на чоколадните колачи, мора да ги испробаат и овој рецепт, ќе бидат премногу задоволни.
Освен што е едноставен за приготвување, овој колач е и доста евтин, а повеќето намирници речиси секогаш ги имате во кујна. Нема да ви одземе многу време за да го приготвите, а ќе ги задоволи сите ваши сетила, па дури и на оние пребирливите. Запишете си го овој рецепт.
Потребни состојки: 250 мл јогурт, 100 мл масло, 100 мл млеко, 3-4 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 7 лажици брашно, 3 лажици какао во прав, 1 кесичка прашок за печиво, 200 мл сок од портокал за преливање на печената кора одозгора.
За да го приготвите филот ќе бидат потребни следните состојки: 800 мл млеко, 3 пудинзи со вкус на чоколадо и портокал (тоа е таков пудингот 2 вкуса во едно, а ако не можете да го најдете, тогаш употребете чоколаден и по желба арома од портокал), 5 лажици шеќер или по вкус и 150 г чоколадо.
Постапка: Во еден сад ставете јогурт, масло, млеко, шеќер и ванила, па убаво со жица за матење изматете додека да се соединат состојките.
Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и какаото, па додадете ги сите суви состојки во течната смеса, па добро промешајте.
Во меѓувреме рерната загрејте ја на 180-200 степени, па добиената смеса излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен со путер или маргарин. Ставете да се пече 20-тина минути до половина час или во зависност од вашата рерна и проверете со чепкалка кога е готов.
Печената кора извадете ја од рерна малку да излади, а потоа прелијте ја со ладен сок од портокал. Оставете убаво да се впие сокот за да ја омекне кората и уште повеќе да ја направи сочна. Наместо сок од портокал може да употребите чоколадно млеко.
За фил: Во 200 мл млеко убаво промешајте го прашокот за пудинг да нема грутчиња, а остатокот од млекото ставете го на оган. Кога ќе зоврие постепено додадете го разматениот пудинг со постојано мешање, додека да згусне.
Додека е топол пудингот во него додадете искршено чоколадо и промешајте додека да се растопи и соедини. Толиот пудинг нанесете го врз печената кора, натопена со сок од портокал, па рамномерно израмнете.
Вака приготвениот колач оставете го неколку часа во фрижидер убаво да се олади, а најдобро преку цела ноќ. Сите детали од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.