Многу вкусна, а брза бајадера.
Потребни состојки:
9 лажици вода
200 г шеќер
150 г мелени ореви, бадеми или лешници
250 г мелени бисквити
170 г путер
100 г чоколадо за готвење
За глазура:
100 г чоколадо за готвење
малку масло
Постапка:
1.Во едно тенџере ставете вода и шеќер на тивок оган додека шеќерот целосно да се растопи.
2.Додајте го путерот, тргнете го садот од оган и мешајте додека и тој да се растопи.
3.Кога путерот целосно ќе се растопи, додајте ги оревите и бисквитите, па мешајте додека да добиете густа изедначена смеса.
4.Добиената смеса поделете ја на два еднакви делови.
5.Чоколадото растопете го на пареа и додајте го во едната половина од смесата. Во вториот дел додајте малку екстракт од рум, доколку сакате.
6.На тацна за послужување ставете масна хартија, па нанесете го првиот дел од смесата (со чоколадото) и со помош на рацете обликувајте правоаголна форма. Горниот дел и аглите измазнете ги со нож.
Врз првиот слој, на ист начин нанесете ја и втората смеса, па исто така израмнете ја. Доколку сакате, можете бајадерата да ја формирате со три слоја: половина од темниот – светлиот – втора половина од темниот слој.
8.Остатокот од чоколадото растопете го на пареа, во него додајте малку масло и прелијте го одозгора.
9.Бајадерата оставете ја во фрижидер да се стегне, па следниот ден исечете ја на коцки или штангли, со големина по ваша желба.