Потребно е да издвоите само 15 минути дневно. Ако веќе денес започнете со вежбање, до Нова година ќе имате затегнати мускули на нозете и обликувани глутеуси.
Време да не барате изговори од типот дека немате време, туку да се фрлите на вежбање. Овој тренинг воопшто не е тежок, а ги активира сите мускули на долниот дел од телото.
Потребно е да вежбате 5 денови седмично, а доволни се само 15 минути дневно и сигурно за еден месец ќе бидете задоволни со одразот во огледалото.
Овие вежби целно делуваат на мускулите од нозете и задникот. Ги активираат мускулите на бутовите, квадрицепсот и задната ложа/хамстринзите, мускулите на листовите, но и оние од внатрешата страна на бутовите кои најтешко се активираат.
За изведување на овие вежби не ви е потребна дополнителна опрема. Само малку добра волја и малку простор. Погледнете како изгледа целиот тренинг во видеото ОВДЕ.
А доколку немати време ниту за 15 минути вежбање дневно, туку само 4 минути, тогаш можеби треба да размислите да ги воведете овие вежби кои се хит во светот – Тренинг од 4 минути: Ги топи мастите, го затегнува телото – секој може да ги прави.
Вашето тело со помош на овие вежби од само четири минути дневно, во текот на еден месец – драстично ќе се трансформира!
Тоа е совршена комбинација од вежби за слабеење кои од вас бараат ангажман од само 4 минути дневно! Оваа комбинација или сет од вежби се нарекува ТАБАТА и претставува тренинг од висок напон.
Меѓутоа, Табата е повеќе начин на вежбање отколку вид на вежба – како што некои ја нарекуваат.
За дваесет секунди интензивен тренинг со одмори од по 10 секунди, Табата е во состојба за 4 минути да ја согори секоја калорија која е вишок во вашето тело.
Доктор Изуми Табата е човек кој го осмислил овој тренинг според кој вежбаат и светски спортисти. Долги години овој начин на тренирање е тестиран за да се дојде до заклучок дека со помош на ваквиот начин на вежбање, најлесно ќе ги стопите вишокот килограми.
Што се однесува до вежбите, изборот е до вас: можете еден ден да правте склекови во комбинација со сквотови, вториот ден да правите стомачни во комбинација со трчање во место, со тоа што мора да го следите темпото од 20 секунди интензивно вежбање, а потоа 10 секунди одмор или лесен тренинг.
Табата тренингот ви гарантира: здраво слабеење, дефинирање на мускулите на целото тело, намалување на крвниот притисок и ослободување од стрес.
Овој тренинг е осмислен така да може да го практикуваат и аматери и професионални спортисти.
За вежбање во теретана, но и дома. Важно е само секој ден да вежбате по 4 минути според советите на доктор Табата. Вежбите можете да ги погледнете ОВДЕ.