Доаѓа сезона на настинки и грипови, па мора да го зајакнеме организмот и максимално да се заштитиме.
Затоа, најдобро е помош да побараме во природната аптека.

Рецептот што ќе го прочитате е многупати докажан како многу ефикасен и лековит за бројни тегоби и здравствени состојби. Пробајте го!

Мешавината од лук, мед и лимон го успорува процесот на стареење. Со оглед на тоа што наведените состојки се лесно достапни, а воедно се многу здрави, вреди да се испроба.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 главици лук
10 лимони исцедени
1 кг домашен мед
Во оваа мешавина можете да додадете и еден корен од ѓумбир и
50-100 мл кокосово масло.

ПОСТАПКА:

Ситно исечкајте 10 главици лук и промешајте со еден килограм мед и сок од 10 лимони.

Смесата складирајте ја во стаклена тегла, поклопете и оставете да отстои осум до десет дена.

После овој период консумирајте по една лажица од овој природен еликсир, двапати дневно, наутро на гладно и навечер после последниот оброк.

Напомена: Две лажици од оваа смеса можете да помешате со една лажица кокосово масло и една лажица рендан ѓумбир, за да го збогатите вкусот и да го задилите ефектот. Исто така, можете овие состојки да ги помешате и на почетокот при подготвувањето на смесата.

Овој еликсир е многу лековит, бидејќи содржи лук. Еве зошто:

1. Лукот е одличен лек против настинки затоа што помага при отстранување и намалување на густиот секрет. Исто така делува и против грчеви и воспаленија.

2. Лукот го зајакнува имунолошкиот систем. Притоа, ги намалува гасовите и спречува дијареа.

3. Делува смирувачки и го подобрува расположенито.

4. Лукот има антибиотско дејство кој делува на бактериите, вирусите и паразитите!

5. Лукот го намалува крвниот притисок како и нивото на холестерол во крвта.
Покрај тоа, го спречуваат згрутчувањето на крвта. Лукот го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања и инфакрт дури за 50%.

6. Лукот содржи многу состојки со антиканцерогено дејство што значи дека ја спречува појавата на рак.