Рецепт и видео презентација на Домашни рецепти – тесто за пица.

Ова е рецепт за наједноставното тесто за пица, многу меко и лесно за кое нема потреба од премногу месење, па можат дури и децата сами да го прават. Тестото се развлекува со раце.

Потребни состојки:

500 г брашно, 250 мл вода, 70 мл масло, 15 г свеж квасец (3-4 г сув), 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол

Постапка:

Во подлабок сад ставете топла вода и во неа издробете го квасецот, потоа додадете шеќер и убаво промешајте за да се растопи. Додадете половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се впие маслото, па кога ќе се додадете и солта, добро промешајте со лажица.

Како постепено го додавате остатокот од брашното, така продолжување со мешање. Кога тестото повеќе не може да се меша со лажица, лесно замесете го со рака, колку да му дадете облик.

Не е потребно долго месење бидејќи тестото веќе е добро изработено со лажицата, но и натаму треба да биде меко и лесно лепливо. Намастете го оформеното тесто со остатокот од маслото што остана, па оставете го да стасува 30 минути. (Тестото ќе биде меко и лепливо).

Наросете ја работната површина со брашно и малку премесете го тестото. Од оваа мера излегуваат две поголеми тркалезни тепсии.

Тестото е меко и може а се развлекува со раце и да се постави во тепсијата. Филувајте по желба, но внимавајте да не ставате премногу фил зошто ќе го “загушите” тестото.

Испечете ја пицата неколку минути во загреана рерна на највисоката температура што ја имате. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.