Ова е наједноставното тесто за пица, речиси без месење и толку меко што може да се развлекува со рацете. Ова тесто може да го направи секој почетник, и да го развлече без оклагија како вистински мајстор. Мора да го пробате! Ќе видите колку е едноставно.
Потребни состојки:
500 г брашно
250 мл вода
70 мл масло
15 г свеж квасец (3-4 г сув)
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Постапка:
Во топла вода издробете го квасецот, додадете шеќер и убаво промешајте за да се растопи.
Додадете половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се впие маслото, па кога ќе се додадете и солта, добро промешајте со лажица.
Како постепено го додавате остатокот од брашното, така продолжување со мешање. Кога тестото повеќе не може да се меша со лажица, лесно замесете го со рака, колку да му дадете облик.
Не е потребно долго месење бидејќи тестото веќе е добро изработено со лажицата. Намастете го оформеното тесто со остатокот од маслото што остана, па оставете го да кисне 30 минути. Тестото ќе биде меко и лепливо.
Наросете ја работната површина со брашно и малку премесете го тестото. Од оваа мера излегуваат две поголеми тркалезни тепсии.
Тестото е меко и може а се развлекува со раце и да се постави во тепсијата. Филувајте по желба, но внимавајте да не ставате премногу фил зошто ќе го “загушите” тестото.
Испечете ја пицата неколку минути во загреана рерна на највисоката температура што ја имате.