Многу вкусни и едноставни мини пирошки.
Потребни состојки: 750 г компир, 100 г брашно, 1 лажица сув зачин (вегета), 150 г кашкавал, 40 г маргарин/путер, 2 жолчки, мускатно оревче. За похување: презла, јајце, масло за пржење
Постапка: компирот сварете го во лушпа, излупете го и испасирајте го. Додадете брашно, зачини, рендано оревче, жолчки и путер.
Убаво промешајте и измесете додека да добиете изедначено тесто. Обликувајте крокети, а во секое втиснете стапче кашкавал.
Вака добиените крокети валкајте ги во брашно, па во јајца, па во лебни трошки и пржете ги умерено загреано масло. Може да ги јадете самостојно, но може и како прилог со месо.