Добро утро драги домаќини и домаќинки. Речиси да нема такви кои не ги сакаат јагодите, малините и бобинките воопшто. Сочното овошје кое освежува и со кое може да приготвуваме превкусни колачи и торти. Еве еден предлог за едноставен колач кој брзо се приготвува а уште побрзо се јаде.
Потребни состојки за фил 1:
1,5 кг јагоди
500 мл вода
100-200 г шеќер
200 г гриз
1 пакување пишкоти или бисквити за подлога
овошен за натопување на пишкотите по ваш вкус
за фил 2:
1 литар млеко
3 пудинг од ванила
2 ванилин шеќер
250 г путер
8 лажици шеќер
500 г сечкани јагоди
3 кесички шлаг – за декорација
Постапка:
Во калапот со средна величина наредете еден слој пишкоти или бисквити, кратко натопувани во овошен сок. Неколку јагоди исечкајте на половинки и со нив обложете го работ од плехот (не мора).
Доколку користите смрзнати јагоди, најпрво одмрзнете ги. Во 500 г јагоди додадете 500 мл вода и изблендирајте ги додека да добиете изедначена смеса-сок вкупно 1 литар.
Овој еден литар сок од јагоди ставете го во поголемо тенџере на оган и додадете околу 100 г шеќер во прав или по вкус. Кога ќе зоврие, постепено додадете ги остатокот од јагодите (1 кг).
Откако повторно ќе зоврие, во смесата со јагоди постепено додавајте гриз, мешајќи со жица додека да згусне. Оставете неколку минути колку да подизлади, па смесата излејте ја врз пишкотите и рамномерно распоредете.
Фил 2: Во малку млеко разматете три пудинзи од ванила, а остатокот ставете го на оган заедно со 2 ванилин шеќер и 10 лажици шеќер. Кога ќе зоврие млекото додадете ја смесата и мешајте постојано додека да згусне.
Додека е топол во пудингот додадете 250 г путер исечкан на ленти, па промешајте да се растопи и соедини. Во подизладениот пудинг додадете 500 г јагоди и кршени пишкоти доколку ви останале вишок.
Промешајте, па оваа смеса излејте ја врз филот од јагоди и израмнете. Оставете во фрижидер неколку часа, а потоа декорирајте со шлаг. Деталите можете да ги погледнете во видеото: