Фото и рецепт: Сандра Андоновска

Рецептот за овие вкусни медењаци ни го откри нашата драга членка Сандра Андоновска во групата НМД рецепти. Ова е дефинитивно најдобриот рецепт за медењаци, а под пишаниот рецепт има и видео прилог со деталите од постапката.

Потребни состојки:

4 жолчки
1 јајце
150 г шеќер
200 г путер
1 портокал – рендана кора
3 супени лажици мед
2 лажички цимет
1 лажичка мелено каранфилче
500 г брашно
1 лажичка сода бикарбона

Постапка:

Во еден сад се матат 4 жолчки и едно цело јајце со 150 г шеќер и 200 г путер, претходно омекнат на собна температура. Се додава рендана кора од еден портокал, 3 супени лажици мед, 2 лажички цимет, 1 лажичка мелено каранфилче, 500 г брашно помешани со една лажичка сода бикарбона.

Се замесува убаво изедначено тесто од кое се кинат мали парчиња, се формираат топчиња со големина на поголем орев, се редат во плех (со растојание помеѓу нив) обложен со хартија и се печат во загреана рерна на 200 степени, 10 минути.

Внимавајте да не ги препечете, па доколку не ви се гледа добро преку рерната, слободно отворете после 7.минута, а готови се штом дното започне да им потемнува.

Фото и рецепт: Сандра Андоновска

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: