Родена Италијанка, Марсела живеела и работела во САД, а станала многу позната како готвачка. Во својата книга таа ја открија тајната за нејзиниот најдобар сос за тестенини, а подолу ќе можете да го прочитате и да ја погледнете презентацијата на нејзиниот син.
Токму овој нејзин сос беше прогласен за најдобриот во светот според списанието за готвење „Вкусно“. За да го приготвите овој нејзин рецепт, всушност ви се потребни само три состојки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 г домати, оносно пелати од домати кои можете да ги направите сами, а можете да користите и купечки од конзерва, 1 голема главица кромид и доста путер (150-200 г). Кој сака може да користи маргарин или масло, но со путер е најдобро.
ПОСТАПКА: Во едно длабоко тенџере ставете две половини кромид. Само исчистете го кромидот и пресечете го на две половини, нема потреба ситно да го сечкате. Потоа во тенџерето додајте го путерот.
Кратко пропржете па додајте ги пелатите од домати и гответе на тивок оган 45 минути со повремено промешување. Марсела тврдела дека нема потреба ниту кромидот ниту останатите состојки да се сечкаат.
Само потребно е да се стават сите состојки заедно и да се готват заедно додека вкусовите убаво да им се помешаат. Се посолува по вкус. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Ако сакате сами да си направите пелати, тогаш следете го овој едноставен рецепт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг домати, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, малку свеж босилек. Постапка: Доматите убаво измијте ги под млаз ладна вода, а потоа засечете ги на крст, па спуштајте ги прво во зовриена вода околу 30 секунди, а потоа веднаш во студена вода, исто така 30 секунди.
Вадете ги со решеткаста лажица. Со оваа постапка доматите многу полесно се одвојуваат од лушпата. Излупете ги доматите и исечете ги на половинки или четвртинки, во зависност од нивната големина. Тврдиот дел отстранете го.
Теглите стерилизирајте ги во рерна на 100 степени, 15-20 минути. Доматите полнете ги во стерилизирани тегли и додадете свежи листови босилек по желба и вкус. Додека ги редите доматите, малку притискајте со прстите, не не премногу.
Кога ќе ја наполните теглата две третини, ставете 1 рамна кафена лажичка шеќер, дополнете со домати до врвот, а на крај ставете и една рамна кафена лажичка сол. Вака приготвената тегла затворете ја со метален капак. Постапката повторете ја со преостанатите домати, односно втората тегла.
Завршен момент: Едно поголемо тенџере обложете го со крпа и додадете 1,5 литар вода. Ставете ги теглите, па ставете ги да се варат на умерена температура 35-40 минути. Оставете ги теглите целосно да изладат во водата. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.