Италијанската готвачка Марсела Хазан ви го претставува рецептот за тестенини кој и официјално беше прогласен за најдобар на светот.
Сосот за тестенини кој од сајтот Delish беше прогласен за најдобар на светот се приготвува од само три состојки, а дури и не мора да го сечкате кромидот.
Марсела, авторка на книгата „Основи на класичната италијанска кујна“ советува дека најдобриот сос од домати се приготвува од три состојки: кромид, путер и конзервиран домат.
Потребни состојки:
800 г домат од конзерва, лупен
1 главица кромид
6 лажици путер
Постапка:
Кромидот исечете го на половина, додадете путер и домати. Динстајте на средна температура околу 45 минути. Промешувајте повремено, а на самиот крај извлечете ги парчињата кромид, а со остатокот од смесата прелијте ги тестенините.