Овој рецепт треба да си го запишете и да го направите.
Потребни состојки:
-Мед
-Цитруси: лимон, портокал, лимета, клементина (по можност непрскани)
-Зачини: ѓумбир, кардамом, каранфилче
-Билка: мента, рузмарин
Постапка:
1.Теглата стерилизирајте ја.
2.Цитрусите измијте ги добро и исечете ги на тркалца.
3.Ѓумбирот излупете го и изрендајте го.
4.Кардамомот и каранфилчето свежо смелете ги.
5.Билките исечкајте ги.
6.Во теглата редете еден ред овошје, па ред ѓумбир. Наросете мелено каранфилче и неколку ливчиња мента. Ставете повторно ред овошје, ѓумбир, кардамом и рузмарин.
И се така редете ја теглата додека да ја исполните речиси до горе, а потоа дополнете со природен и квалитетн мед.
Можете да ги правите следните комбинации поединечно:
-Лимон со ѓумбир
-Клементина со кардамом
-Лимета со мента
-Лимон со рузмарин
-Портокал со каранфилче
Вака приготвениот сируп може да се консумира најрано после 3-4 часови.
Се чува во фрижидер до 1-2 месеци.
Се консумира по 1 супена лажица по потреба и по неколку пати во денот, а може да се става во вода и во чај.