Home Здравје НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА СРЦЕ И ЧИСТЕЊЕ НА АРТЕРИИТЕ: Ги одбива дури и...

НАЈДОБРИОТ ЛЕК ЗА СРЦЕ И ЧИСТЕЊЕ НА АРТЕРИИТЕ: Ги одбива дури и најлошите болести

Коренот од рен е моќна намирница, познат природен лек за јакнење на имунитетот.

Но, доколку ми се додадат домашен мед, сок од лимон и сок од морков, тогаш се добива лековит препарат кој го јакне и штити срцето, ги чисти крвните садови и го подобрува крвотокот, а меѓу другото помага и во заштита од штeтните paдикали.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/2 тегла домашен квалитетн мед (500 г, најдобро е да го набавите од проверин пчелар од доверба), сок од 3 лимони, 5 супени лажици сок од морков, 5 супени лажици ситно изрендан корен од свеж рен.


ПОСТАПКА: Исцедете го сокот од лимоните и ситно изрендајте го ренот кој претходно сте го оставиле да отстои во раствор од вода и оцет и добро сте го измиле.

Морковот ситно изрендајте го и исцедете го сокот преку газа, или едноствно користете соковник.

Во еден поголем сад излејте го медот кој треба да биде во течна состојба, а доколку кристализирал оставете ја теглата некое време во сад со топла вода, додека медот внатре да се растопи.

Препаратот можете да го приготвите и директно во теглата.

Додајте ги сите претходно наведени состојки и добро промешајте додека тие да се изедначат и да добиете хомогена смеса.

Најпрво додајте го сокот од лимонот и морковот, промешајте за да се раствори медот, а потоа додајте го и ренданиот рен.

Добиениот препарат се чува на темно и ладно место. За најдобри резултати се консумира трипати дневно по една чајна лажичка, еден час пред јадење, во текот на два месеци.

Следниот домашен лек за лекување на срце и артерии ни го испрати Ирена Здравеска.

Ирена вели дека овој домашен сируп го пијат преку целата година и тој ги одржува во добро здравје. Напитокот не се готви, што значи дека од него се користат сите хранливи и лековити материи.

Потребни се само две состојки, лимони и лук, а потоа се остава да „одлежи“ на темно и ладно место 25 дена. Еве како се приготвува:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг лимони и 25 чешниња лук (приближно 3 главици).

Постапка: од лимоните исцедете го само сокот и ставете го во некој посебен сад. Од три главици лук извадете ги 25-те најголеми чешниња.

Лукот исчистете го, а потоа ситно сомелете го и додајте го во лимоновиот сок. Промешајте и смесата складирајте ја во стаклени тегли, претходно измиени, стерилизирани и суви.

Затворете ги цврсто со капаци кои сте ги пребришале со чист алкoxoл. Потоа теглите завиткајте ги убаво во кујнска крпа и оставете ги на некое темно и ладно место до кое не допира светлина.

Повремено теглите протресувајте ги, барем еднаш неделно, за да се промешаат состојките, особено лукот кој се таложи на дното. После 25 дена лекот е спремен за користење.

УПОТРЕБА: По една мала ракиена чаша (30 мл) секое утро, половина час пред појадок. Напитокот е доста силен, па може да се раствори во чаша млака вода.