Комбинацијата од мед и црвен кромид одамна е позната како исклучително ефикасен природен лек за смирување на кашлицата и исфрлање на густиот секрет.
Предноста на овие природни лековити состојки е тоа што можете да ги набавите во кое било време од годината, а многу е веројатно дека секогаш ќе ги имате при рака. Затоа, доколку не сте го знаеле овој рецепт, прочитајте го и запишете го, многу лесно се приготвува.
Исто така, кога подготвувате препарати од природни состојки кои сами сте ги набавиле, секогаш знаете што користите, за разлика од купечките сирупи или други производи кои често содржат конзерванси, вештачки бои и мириси.
Состојки: 1 главица црвен кромид, 2-3 лажици природен мед.
Постапка: изберете фина и здрава главица црвен кромид, со средна големина. Излупете го кромидот и исечете го. Ставете го во подлабок сад и прелијте го со медот. Треба да биде прекриен, па затоа можеби најдобро е поситно да го исечете.
Покријте го садот со тацна или проѕирна-стреч фолија и оставете го на собна температура преку ноќ. Во текот на ноќта кромидот ќе ги ослободи соковите кои ќе се помешаат со медот.
Следното утро исцедете ја смесата преку густа газа или цедилка. Тоа е дозата за еден ден. Јадете по една лажица од сирупот на секои два часа, а може и почесто. Сигурно веќе за кратко време ќе почувствувате дека полесно ди.шете и ќе почнете да го искашлувате секретот.
Познато е дека кромидот го штити организмот од слободните радикали, делува како превенција на ту.морите и ги уништува постоечките. Кромидот содржи повеќе од 30 антиканцерогени соединенија во неговиот состав.
Исто така, кромидот превенира од дијабетес, а кај дијабетичарите го намалува шеќерот во кр.вта. Доколку имате б.олки во увото, кромидот е најдобриот природен лек за лекување на оваа б.олна состојба.
Кромидот помага и во намалување на високиот кр.вен притисок. За тоа е одговорен кверцетинот, соединение кое го содржи кромидот и има силно антиоксидативно дејство. Доколку имате проблем со алергија, овој лек е одличен за смирување на истата, особено во пролетниот период.
Кромидот, исто така се користи за лекување на некои кожни болести. За лекување на простата кај мажи се препорачува секојдневно да кон.сумираат суров кромид. За лекување на срцеви проблеми се препорачува кон.сумирање на чај од кромид.
За кожни болести – изблендирајте еден лимон и еден сечкан кромид, а добиената смеса помешајте ја со 200 мл јогурт. Смесата чувајте ја во фрижидер, може да стои до 3 дена.
За лекување на јачмен во окото – издробете еден кромид, а потоа помешајте го со јаболкова киселина. Ставете ја смесата на газа, а потоа држете ја газата директно ја јачменот во период од 5 часа.
За болести на ноктите и појава на лишаи – измешајте 8 лажици ситно сечкан кромид со половина литар вотка/ракија. Складирајте ја смесата во тегла, промешајте ја и оставете да отстои 10 минути. Користете два – трипати на ден со мачкање директно на болното место.
За оток – исечкајте неколку прстени кромид, а потоа ставете ги на газа која ќе ја поставите директно на отокот. Прицврстете ја газата со фолија или крпа. Користете по потреба, сè додека отокот да исчезне.
За лекување на кашлица – исечкајте 6 главици кромид и измешајте ги со 6 лажици мед. Ставете го садот на пареа и мешајте неколку минути. Користете два – трипати на ден по 1 лажица.
За затнат нос и воспалени синуси – во сад ставете исечкан кромид на парчиња и ставете го покрај вас додека спиете блиску до главата. Вдишувањето на овој мирис може да биде малку непријатно, но веќе следниот ден нема да имате проблем со синутисите.
За да подготвите тинктура од кромид – потребно ви е 400 г ситно сечкан кромид и измешајте со 70% ал-ко-хол, 120 мл. Добро промешајте ја смесата. Консумирајте по 1 лажица разредена со вода, пред оброк, 10 дена во месецот.
Црвен или бел кромид за б.олки во нозете и подобрување на циркулацијата – направете облога од кромид. Исечкајте го кромидот на прстени и ставете ги на стапалата. Прицврстете со алуминиумска фолија, а потоа облечете чорапи.
За срце, чај од кромид и мед
Потребни состојки: 2 средни главици кромид, 1 литар вода, неколку листови магдонос и целер, 2 лажички шеќер, 1 мала лажица мед.
Постапка: Шеќерот ставете го во тенџере и почекајте да се растопи и да се добие карамела. Исечкајте го кромидот на прстени и ставете го во 1 л вода на рингла. Додајте го магдоносо и целерот.
Чајот треба да стои на рингла околу 15 минути по зовривањето на најниска температура. По изминатото време, процедете го чајот и засладете со мед по желба. Консумирајте по една мала чаша, неколку пати на ден.