Најдобриот колач кој може да си го направите во било кое време. Од него се cлабее и затоа сите многу го сакаат. Изобилува со диетални влакна кои пбезбедуваат ситост, но делуваат и како четка за цревата.
Подеднакво е вкусен и ладен и топол, а можете да го јадете и наместо оброк. Додека се пече, цела куќа ќе ви замириса убаво. Еве што ви е потребно за да го подготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 80 г овесни снегулки (1 шолја), прстофат сол, 10 г кокосово брашно/1 1/4 лажица, 5 г прашок за печиво (1 лажиче), 1/2 лажичка цимет, 2 јајца
35 г засладувач (стевија/или по ваш избор) / 2 3/4 лажици, 15 г стопен путер/1 лажица масло, 1 јаболко, 1 среден морков, 30 г ситно сечкани ореви (4 лажици).
ПОСТАПКА: Сомелете ги овесните снегулки во брашно, додајте ја солта и кокосовото брашно, па измешајте го прашокот за печиво, циметот и засладувачот по желба. Јас користев стевија.
Во посебен сад измешајте ги јајцата со растопениот путер додека да се формира мазна и еднолична смеса.
Јаболката исечкајте ги на коцки. Морковот излупете го и исечкајте го на тенки кругови. Ставете ги јаболката и морковот заедно во блендер и сомелете ги, па додајте ги во овесот.
Додајте ја и смесата од јајца и растопен путер. Соединете сѐ и смесата излејте ја во плех со димензии 18х13 см претходно добро намастен со путер на дното и од страните.
Одозгора натапкајте ја добро за да се израмни. Посипете ситно сечкани ореви и испечете го во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути.
По изминатото време, колачот се остава сосем малку да се олади, околу 10-тина минути, а потоа се сече на коцки и се послужува.
Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.